Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

  • Сабота, Јан 12 2019

 

 

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба на станбени објекти за домување. Огласените парцели за продажба се наоѓаат во западниот дел на Гевгелија кај Моински пат и во населбата Караорман.

Електронското јавно наддавање е закажано за 1 февруари во термините од 9 до 9:30 за парцелите кај Моин, односно од 10 до 12 часот за парцелите во населбата Караорман. Почетната цена за лицитирање е 61 денар за еден метар квадратен.

Ориентир за заинтересираните лицитатори може да биде покрај местоположбата и големината на парцелата. Така, две од парцелите кои се наоѓаат покрај Моински пат имаат површина од 362 и 467 метри квадратни. Останатите пет парцели кај Караорман се помали и имаат површина од 285 до 306 метри квадратни.

Заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која треба да биде наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата), комплетирана со следните докази:

1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоците за која градежна парцела се однесува истата и кои документи се составен дел на пријавата;
2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ даден во табеларниот преглед, со рок на важност до 01.09.2019 година;
3. За физичките лица уверение за државјанство
4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (тековна состојба не постара од 7 (седум) дена од денот на пријавувањето);
5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице за правното лице;
6. e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, и
7. Изјава од подносителот, во која се согласува со условите во објавата.

Заинтересираните правни и физички лица за учество во лицитирањето може да се пријават за учество на јавното наддавање по електронски пат до 30.01.2019 година на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk, на која ќе се одржи и електронските јавното наддавање.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.