11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

  • Сабота, Јан 12 2019

 

 

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен воздухопловен ветаран и носител на Општинската Плаќета „7-ми Ноември за животно дело во 2009“ денеска гевгеличани му оддадоа чест на армискиот капетан Игор Ѓорески, својот сограѓанин и драг другар, соборец и пријател кој трагично загина во хеликоптерска несреќа кај Блаце.

Со цвеќе и стамен стој на оддавање почит спомени на незаборав и вечна слава до Игор испратија, членовите на неговото блиско семејство, другарите, пријателите, претставници на здруженија на граѓани,  партиска делегација од СДСМ. Посебна чест му укажа и локалната самоуправа во Гевгелија со присуството и цвеќето пред бистата на починатиот гевгелиски армиски капетан кое со пиетет го положи градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Спомен бистата на Игор Ѓорески е поставена на паркот пред Народниот Театар во Гевгелија и овде гевгеличани ја опсипаа со цвеќе и почит кон Игор, за вечна слава и незаборав кон воздухопловниот ветеран од Гевгелија.

Во аналите на АРМ стои заведено погибјето на 12 члениот екипаж од армиски хеликоптер Ми-17 кога на 12 јануари 2008 година, околу пладне се урна во селото Блаце кај Катланово. Хеликоптерот се урна на само 50-ина метри од последните куќи во селото. Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започна постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На стравотниот пад на армискиот хеликоптер му претходеше експлозија. Немшеа жртви од мештаните. Во несреќата немаше преживеани. Загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски. Единаесетмината мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.



 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.