Топ Новости

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Среда, 16 Јануари 2019

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија потврдно на известувањето од ОИК дека прифаќаат да бидат членови на Советот на општина Гевгелија

 

 

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија потврдно на известувањето од ОИК дека се номинирани за членови на Советот на општина Гевгелија и дека прифаќаат да бидат членови на Советот на општина Гевгелија.

Ваквиот нивен одговор уследи после констатираниот престанок на мандатот на советниците Митко Алчинов (СДСМ) и Снежана Савиќ Ташевска (Српска партија), кои заедно беа од листата на СДСМ со коалиционите партнери. Двајцата поднесоа оставки на лично барање да бидат ослободени од советничката функција поради обврските од професионалниот ангажман, кои законски се неспоиви со извршувањето на јавни функции.

Советот на општина Гевгелија ги констатира нивните оставки и ја извести Општинската изборна комисија да номинира на советничките позиции, согласно изборниот законик, следни двајца кандидати од листата каде припаѓаат испразнетите советнички места.

ОИК ги констатира оставките и, за номинирање на функијата советник во општинскиот совет на Гевгелија, уште во текот на минатата година ги извести Мешков и Караманова. Тие, согласно законскиот рок од осум дена за одговор, се произјасниле до ОИК позитивно.

Со тоа, петчлениот состав на Општинската изборна комисија за Гевгелија, минатата недела се состанала и го потврдила нивниот мандат за членови на Совет на општина Гевгелија. Следниот чекор до конечна верификација на нивниот мандат пред највисокиот орган на локалната самоуправа во Гевгелија е издавање на Уверенија за мандат на член на Совет. Уверенијата се веќе донесени, но од ОИК не е потврдена достава до мандаторите. Истата ќе следува деновиве. Напоредно со ова, ОИК ќе достави Известување до Советот на општината за новите мандати на Мешков и Караманова.

Се очекува на првата наредна редовна седница на општинскиот Совет да биде констатиран мандатот на двајцата следни кандидати за советници од листата на СДСМ, Лазар Мешков и Александра Караманова.

 

Last modified on Среда, 16 Јануари 2019 - 16:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.