Топ Новости

Светиот крст во рацете на Љупчо Трајков од Гевгелија

  • Сабота, Јан 19 2019

Љупчо Трајков (29 год.) од Гевгелија е најсреќниот меѓу 30-темина млади луѓе кои денеска се фрлија во осветените води на реката Вардар кај Гевгелија

 

 

Дваесет и деветгодишниот Љупчо Трајков од Гевгелија е најсреќниот меѓу 30-темина млади луѓе кои денеска се фрлија во осветените води на реката Вардар кај Гевгелија.
Тој го фати крстот, симболот на Богојавлението по кое се слави денешниот ден Водици.

Среќниот носител на крстот од водите на Вардар до свештените лица кои го дочекаа на мостот го прими благословот и иконата како црковен дар.
- „Нека е жив и здрав, за многу години празникот. Амин!“ - порача свештеникот Русе Жекоски, кој ја пофали посветеноста на овој ден на ова храбро момче да заплива во ладните води на Вардар за прв пат во својот живот во чест на Водици.
Честитки до среќното момче, носителот на крстот испорача и Општина Гевгелија и градоначалникот Сашо Поцков, кој во име на Општината го даруваше носителот на крстот со лап топ. Од фирмата „Зегин“ му беше врачен телевизор.

На настанот му претходеше црковна литургија која се одржа утрово во црквата Св. Кирил и Методиј во присуство на сите 30 мина пријавени фрлачи, а процесијата на осветувањето на водите на Вардар се одржа на мостот во сослужение на четворица гевгелиски свештеници, предводени од архиерејскиот намесник прото ставрофор Марјан Радински.
- „Бог да се јави во сите домиви и да донесе среќа, здравје, мир и љубов за сите нас“, порача отец Радински.

Богојавленското празнување во Гевгелија и потопувањето на Светиот крст во водите на реката Вардар го проследеа повеќе илјади граѓани кои со овој чин ги продолжуваат традициите на христијанскиот пазник на осветување на водите во знак на мир и среќа на сите верници и граѓани поклоници на традициите.



 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.