Протече вода без арсен од новите бунари за гевгеличани

Четврток, 24 Јануари 2019

Видео: Прес на Поцков - Од денеска Гевгелија се снабдува со вода од новите бунари кај Мрзенска ада

 

 

- „Слободно пијте вода од чешмите, затоа што водата е целосно квалитетна и здрава за пиење

Ова го препорача денеска градоначалникот Сашо Поцков до граѓаните на Гевгелија објавувајќи дека од денеска низ новиот цевковод тече вода од новите бунари кај Мрзенска ада, кои со трите последователни анализи покажаа дека нема арсен.

Долгогодишниот проблем со небезбедната вода со отровниот арсен е завршен.

- „На 7 ноември минатата година, како што знаете, го предадовме во употреба новиот Водоснабдителен систем. Притоа, нагласивме дека системот ќе профункционира по завршување на сите неопходни технички испитувања и анализи“, истакна Поцков на денешниот прес со медиумите и додаде:

Во оваа прилика сакам да ја известам јавноста: дека од денес во водоводната мрежа на регионалниот водовод во Гевгелија тече вода за пиење од новиот водоснабдителен систем. Со тоа од денес сите граѓани пијат здрава и квалитетна вода.

Имено, анализите на физичко-хемискиот состав на водата за пиење од овие бунари, направени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија покажуваат и потврдуваат дека во водата воопшто нема арсен и дека водата одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за физичко-хемиска анализа.

Изработените биолошки анализи на водата за пиење од новите бунари, а последната е направена на 21 јануари годинава, го потврдуваат високиот степен на здравствена безбедност на водата“, нагласи Поцков на отворениот прес за јавноста.



Фото галерија од извршените Анализи на биолошки и физичко-хемиски квалитет на водата од новиот водоснабдителен систем за Гевгелија извршени во декември 2018 и 21 јануар 2019 година 


 


Градоначалникот Поцков истакна дека определбите на Општината за здрава вода за гевгеличани останува: 

- „Уште еднаш ќе нагласам – дека не се откажуваме од водата во бунарите кај Моин, за што во тек се испитувањата на најповолната постапка за деарсенизација“.

Тој ги предочи најновите технички предности што ги поседува новиот водоснабдителен систем, кој располага со три бунари, во областа „Мрзенска Ада“, со пумпни станици со вградени пумпи и дополнителна хидромеханичка опрема. Во нивна непосредна близина е изградена хлорна станица за гасно хлорирање, која ќе се користи за управување и мониторинг со целиот систем за водоснабдување. Хлорираната вода од изворите преку новоизведениот потисен цевковод, во должина од околу 1500 метри, се складира во новиот Резервоар, од каде што преку доводниот цевковод, во должина од околу 2200 метри, истекува во постоечката градска водоводна мрежа.

Целокупното мониторирање и управување со системот е автоматизирано, и го вршат обучени лица од комуналното претпријатие, кои посетуваа посебна обука.

Поцков не го криеше задоволството од можноста да им ја упати посакуваната порака на своите сограѓани дека слободно можат да пијат вода од нивните чешми дома зошто водата од новиот водоводен систем е без арсен, квалитетна и здрава за пиење.

 

Last modified on Четврток, 24 Јануари 2019 - 12:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.