Трагичен пожар во Гевгелија

  • Сабота, Јан 26 2019

 

 

Денеска во 15 часот и некоја минута добиен е повик во ТППЕ Гевгелија за пожар во центарот на градот. За една минута возилото на ТППЕ се нашло на терен. Опожарен бил дуќанот на фирмата „Заре Комерц“. Во моментот на опожарувањето во дуќанот се наоѓале четири лица, од кои тројца вработени и еден купувач.
Екипата на Територијалната противпожарна единица во Гевгелија ги извлекла сите четворица кои покажувале знаци на живот. Со возило на Брза помош сите четворица извлечени од опожарениот дуќан биле упатени во Хирушкото одделение на Општа Болница Гевгелија. Овде дознаваме дека едно лице (Љ.А.) им подлегнало на повредите.  Двајца од повредените, поради сериозноста на повредите се упатени за Скопје.

Екипите на ТППЕ Гевгелија јавуваат дека пожарот е изгаснат, не е дозволено проширување на околните објекти и целосно ликвидиран. На терен се уште истрага водат инспектори  за утврдување на причините на опожарувањето и обвинител по службена должност.

Попладнево од МВР потврдија дека причината за пожарот била експлозија од плинска боца која се наоѓала во дуќанот „Заре комерц“.

 

 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.