Топ Новости

Огревното дрво уште актуелно

  • Среда, Јан 30 2019

Топлината на природниот енергенс од шумските предели на Кожуф и според својата цена и топлинска ефикасност станува се' поактуелна за корисниците 

 

 

До октомври минатата година според евиденцијата на Шумско Стопанство „Кожув“ Гевгелија продадени се 19.099 м3 огревно дрво, а годишниот план изнесува 22.385 м3. Од претпријатието наведуваат дека планот за продажба за цела измината 2018 година е надмашен за 104%, односно дека целата планирана количина е продадена на побарувачите/корисници на ваков енергенс за загревање. Ова го изјави директорот на ПС „Кожув“ Гевгелија, Драган Попов, образложувајќи ја Информацијата на ШС за состојбата со шумскиот фонд во општината, пошумувањето и експлоатацијата, пред Советот на општина Гевгелија.
Интересен е податокот дека поголем дел, или околу 50% отпаѓа на продажба на огревно дрво на плацот во Гевгелија. На второ место е продажбата на селска сеча, а на трето место по интерес за побарувачите е продажбата на шумско камионски пат.

Тоа укажува на се' уште актуелниот интерес на градските средини за користење на огревното дрво за затоплување на своите домови, наспорти модерната тенденција на користење електрични грејни тела или парни системи на струја, на нафта. Топлината на природниот енергенс од шумските предели на Кожуф и според својата цена и топлинска ефикасност станува се' поактуелна за корисниците.
Дрвата за огрев се се' уште побарувани, и во однос на минатата 2017 годинава покажуваат незначителен тренд на пораст, од само два насто, гледано сумарно 2017/2018. Лани, ШС „Кожув“ продал 22.175 м3 огревно дрво, а 8.855 м3 техничко дрво. Трендот на техничкото дрво е во опаѓање, со оглед на тоа што годинава се потрошени 6.979 м3 техничко дрво.



Дел од советниците реагираа што во текот на грејната сезона, иако годишниот план на експлоатација на шумите е остварен и надминат, на плацот на ШС нема на располагање за продажба огревно дрво. Иако Информацијата за шумскиот фонд беше на разгледување пред советниците на вчерашната 22-ра редовна седница, а законски не е во надлежност на работите на Советот, туку само информативно за богатството од шумскиот фонд и неговото одржување, независен советник ги надмаши своите овластувања и на директорот му дофрли во дискусијата за недостаток на дрво за продажба: „Пазете се!“

Шумското богатство со кое стопанисува ШС „Кожуф“ е распоредено на седум шумско стопански единици кои зафаќаат површина од 38.961 хектари, каде се располага вкупно со 3.298.460 м3 дрвна маса. Секоја година, покрај сечата за експлоатација, Шумското стопанство врши и обнова со пошумување на 38 до 42 хектари површини, воглавно со чемпрес, багрем и јасен.
Богатство за секоја почит кое треба да се одржува заради повеќекратната улога на шумите во одржување на екосистемот.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.