Скинат цевковод предизвика матна вода во водоснабдувањето на Прдејци

  • Среда, Јан 30 2019

 

 

Комуналец Гевгелија денеска ги предупреди жителите на Прдејци дека водата која тече низ водоводната мрежа е неисправна за пиење и готвење и дека истата треба да ја користат како техничка вода, само за миење.

Причината за ваквиот третман на водата е што утринава, поради надојдените води на Кованска река скинат е цевководот што го поврзува Резервоарод за водоснабдување на Прдејци со населеното место. Наместо чиста вода за пиење низ чешмите потекла матна вода, несигурна во својот биолошки и хемиски состав.

Екипите на „Комуналец“ Гевгелија од утринава во 7:30 часот се на терен и работат на санирање на проблемот. Најпрво, поради надојдените води, се прават пресеци за пренасочување на водата за да се изолира цевката на која се работи, бидејќи постои можност од дополнителен проблематичен влез на води од речниот водотек.

Заради заштита на населението на Прдејци од небезбедната вода која не е третирана со хлор, Комуналец во текот на денот испрати цистерни за снабдување на жителите на Прдејци со чиста вода за пиење.

Прдејци се снабдува со вода за пиење од резервоар во текот на зимските месеци, кој пак се полни со вода од бунарски систем кај Негорци. Цевката од резервоарот до водоводната мрежа до населеното место утринава е прекината. Заради тоа пуштена е пумпата за вода и вишокот истекувал во реката. Штом се зголеми притисокот на водотек во цевките водата утринава се загадила. Зато е дадено соопштение од Комуналец за безбедносни мерки на граѓаните, да ја употребуваат водата само како техничка вода.

- „По санирањето на скинатата цевка, ќе биде истата измиена од наносите на кал додека се работи на терен, ќе биде водата хлорирана, односно хиперхлорирана, поради што повторно упатуваме до граѓаните да не ја пијат таква бидејќи е штетна на здравјето. Ќе испратиме примерок од водата на физичко-хемиска анализа и кога ќе добиеме здравствено безбедни резултати за консумирање на водата ќе бидат известени граѓаните истата да продолжат да ја употребуваат за пиење и готвење од водоводниот систем на Прдејци“, не известија техничките служби од секторот водовод при ЈПКД „Комуналец“.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.