Топ Новости

Подгответе се за сончев ден

Петок, 01 Февруари 2019

Зимата попушта, па денеска синоптичарите најавуваат максимални 14 степени целзиусови во Гевгелија и до 10 степени во Дојран

 

 

Зимата попушта, па денеска синоптичарите најавуваат максимални 14 степени целзиусови во Гевгелија и до 10 степени во Дојран

Облаците ќе бидат тука, но со мала закана за дожд. Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

 

Метеограм за Гевгелија: Петок ќе биде сончево, викендот повремено облачно, а во понеделник не очекуваат локални врнежи од дожд

Последните врнежи во Гевгелија, за изминатите 24 часа до 07 часот изнесуваа 33 литри на метар квадратен, а во Дојран донесоа воден талог од  17 л/м2.

Еднонеделните, наместа и поројни врнежи предизвикаа зголемување на водостојот на реките и езерата. Така, нивото на Вардар, со почетокот на врнежите изминатава недела изнесуваше 130 см, а заклучно до вчера е за 20 сантиметри повисок и изнесува 156 см. Ова е и просечното ниво на водостојот на Реката Вардар за месец јануари.

Дојранското езеро опстојува на „нулта“ котата која изнесува 144.93 мнм. Од 25 до 31 јануари во месецот се зголеми пд 146,93 до 147,10 мнм, или просекот на водостојот на езерото за јануари изнесува 143,99 што е речиси идентично до „О“-тата котата на езерското ниво.

Следува период на претежно облачно и потопло време.

Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Денеска сонцето изгрева во 06:41 часот, зајдисонцето во 16:46 часот.
Денот трае 605 минути,  или 10 часа и 5 минути. Искористете го денот најубаво што можете.

 

Last modified on Петок, 01 Февруари 2019 - 01:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.