Општина Богданци со 115 милиони денари ќе ја подобрува патната и улична инфраструктура

  • Четврток, Фев 07 2019

 

 

Со стратешкиот документ за локален развој Општина Богданци планира реконструкција на улиците во општината во вредност од 115 милиони евра.

Со годишната Програма за изградба, реконструкција, оддржување и заштита на локални патишта и улици во општина Богданци за 2019 година предвидена е реконструкција на пет улици и неколку споредни, за кои се планирани сопствени буџетски средства од 5,7 милиони денари. Се работи за кршење на стар асфалт и вадење на стари ивичњаци, чистење на тротоарска површина, тампонирање и поставување на бекатон, или асфалт на улиците „Маршал Тито“, „Петар Мусев“, „Изворски“, „Крушевска“ пред градинка и основното училиште, дел од улица „25-мина“ во Стојаково (со површина од 795м2), споредни улици во Ѓавото (чистење, тампонирање и бетонирање од 4.000 м2).

Напоредно со локалните буџетски инвестирања во патишта и улици низ Општината, локалната самоуправа со Програмата за локален развој има конкурирано за доделување средства од Републичкиот Фонд за патишта за реконструкција на четири локални патни правци и три пристапни улици до Здравниот дом во Богданци. Целокупната вредност на републичките инвестициони средства за кои се очекуваат позитивни одлуки од Фондот изнесуваат 60,035 милиони денари.
Во апликативна форма чекаат одобрување:
- реконструкцијата на патот Стојаково-Селемли,
- Реконструкција на локален пат Делница Р1109-Стојаково, во должина од 2.603,40 метри;
- Реконструкција на улици во населено место Селемли,
- Реконструкцијата на пешачка и велосипедска патека Богданци-Честе Јавори –Паљурци фаза 1, патеката е во должина од 2647,77 метри;
- Реконструкција на дел од пристапни улици кон здравен дом во Богданци (дел од улици „Васо Марков“, „Мирче Ацев“ и „Дојранска“).


Ова не е целата улична слика за Богданци и предвидената нивна реконструкција. Во фаза на очекување на проектни донатори и фондови стојат изготвени плановите за изградба на патна инфраструктура за седум улици, патна инфраструктура за туристичката зона Паљурци и изградба на нов мост преку течението на реката „Луда Мара“ што треба да го поврзува Богданци со индустриската зона Барта. Вредноста на сите девет проектни зафати чини 47,5 милиони денари.

Остануваат во фаза на изработка на проектна документација уште седум улици во Богданци, и тоа се улиците „Петар Мусев“, „ Иво Лола Рибар“, „Козјак“, „26-ти Април“, „Луда Мара“, „Осоговски“ и „11-тиОктомври.

Со првите пролетни денови треба да започне имплементацијата на програмата за санација на локални улици и улични краци, предвидени во Буџетот на општина Богданци за 2019 година.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.