Денес облачно, за викенд стабилно без врнежи

  • Петок, Фев 08 2019

 

 

Доброутро со 4 степени целзиусови измерени утрото во Гевгелија.
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец е прогнозата за денешниот ден.
Во текот на денот не очекуваат максимални 13 степени целзиусови, без веројатност за врнежи. Проблем може да претставува атмосферскиот притисок кој од утринава е 1.020 hPa, што е за 40 мерни единици повисок од нормалниот и можност кај хроничните болни да предизвика покачен крвен притисок, главоболки и нестабилност.



За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд. Од вторник ќе биде постудено и врнежите на повисоките места ќе преминуваат во снег.



Денешниот петочен ден започна со изгрејсонцето во 06:34 часот, а ќе зајде во 16:55 часот. Времетраењето на денот е 621 минута, а тоа се 10 часа и 21 минута. Денот се зголемува, а и дневните температури се во пораст.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.