Општина Гевгелија како инвеститор на уредувањето на излетиштето Динќот со увид на просторот, градените изведбени работи и поставената урбана опрема, најавува брзо активирање и пуштење во употреба на овој излетнички простор во градот.
По тој повод на местото на локацијата на градба беше во обиколка и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и ги увиде завршните изведбените работи за уредување на овој иден спортско-рекреативен центар. На Динќут, познато гевгелиско излетиште, се уредени детски игралишта, фитнес зона, амфитеатар, карпа за искачување и детски играчки. Покрај ова, изградена е трим патека, летниковци, а поставена е и комплетна урбана опрема.
- „Ова ќе биде навистина прекрасен простор за спортување и рекреација, не само на најмладите, туку и на повозрасните. Наша обврска е овој уреден простор да го користиме што повеќе и да го чуваме. Веднаш по поставувањето на сета предвидена опрема со проектот, ќе организираме поголема акција за чистење и хортикултурно уредување на целиот комплекс. Паралелно со тоа ќе пристапиме кон подготовките за содржинско искористување на можностите што ги нуди веќе уредениот спортско-рекреативен центар. По се изгледа користењето на овие благодети ќе го направиме преку јавно-приватно партнерство, на општина Гевгелија и заинтересираните НВО и други деловни субјекти. Бидејќи наша крајна цел е Динќут да го користиме и што е уште поважно да го заштитуваме сите“, рече градоначалникот Поцков.
Иако уредувањето се' уште не е целосно завршено, Динќот си има свои редовни посетители - децата, кои не можат да им одолеат на клацкалките
Уредувањето на Динќут е дел од проектот „Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион", за чија реализација на општина Гевгелија од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и беа одобрени ЕУ се доделени 169.692 евра. Овој проект општина Гевгелија го реализир во партнерство со Агенцијата за локален развој во Банско, Бугарија.