Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

  • Сабота, Фев 09 2019

 

 

Неделава започна со реализација изведбените работи за нова канализациона линија на улица „Христо Узунов“. Истата е предвидена во програмата изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во Општината која е вклопена и во локалниот Буџет за 2019 година со ставка од 3.800.000 денари. Од тоа 2,5 милиони се наменети за изградба на системи за одведување отпадни води, (канализација), еден милион денари се за изградба на атмосферска канализациона мрежа и 300.000 денари се наменети за изградба на пречистителна станица за отпадни води кај Негорци.

Топлиот февруари не е пречка градежната механизација да започне со работа низ улицата „Христо Узунов“. Првата обиколка на терен ја направи нарачателот - Општина Гевгелија, претставувана од градоначалникот Сашо Поцков.

- „Годинава се планинари неколку вакви зафати, но, не само во Гевгелија, туку и во населените места. Наша цел е сите населени места да добијат канализациони листи, така што активностите најпрво ќе бидат кон реализација на веќе изработените проекти за Смоквица и Милетково, како и за пречистителна станица во Моин. Веќе е распишан тендерот за изработка проекти, па така, наскоро ќе бидат нарачани проекти за канализациони системи и за населените места Ново Конско, Габрово и Петрово, по што ќе се создадат и услови за нивна реализација. Тоа се последните населени места во општината кои немаат канализација“, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков при обиколката на улицата „Христо Узунов“ во Гевгелија, каде што се поставува нова канализациона линија.

Изведувач на работите е ЈПКД„Комуналец“, кое е целосно опремено за изведување на вакви комунални зафати.

 Увид на градоначалникот Поцков во текот на изведбените работи на улица „Христо Узунов“ во Гевгелија

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.