Топ Новости

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

  • Понеделник, Фев 11 2019

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2 барања на еден работен ден

 

 

Според годишниот извештај во текот на 2018 година преку Систем 48 биле пријавени 295 барања од граѓаните, од кои 193 биле решени во рок од 48 часа, а другите проследени за решавање до надлежните служби. Тоа значи дека барањата на граѓаните преку овој систем имаат проодност од 65,4 %, односно дека во толкав процент успеваат да се решат за предвидениот рок од 48 часа, односно најмалку два дена за да интервенираат јавните општински служби.

Статистичката евиденција покажува дека најголемиот број од граѓаните реагирале за да побараат интервенција за дефект во јавното осветлување, најчесто во улицата каде што имаат свое живеалиште и секојдневна потреба од осветлување на јавниот простор и пристапниот пат. Тоа се вкупно евидентирани 130 пријави од граѓаните за оваа намена, преку Систем 48 часа, од кои 110 биле за дефекти во Гевгелија, а другите за населените места низ Општината.

Од останатите пријави/барања на граѓаните се однесуваат за инспекциски надзор (27), 58 пријави се однесувале од делокругот на работата на ЈПКД „Комуналец“, а 15 за интервенции на локалната патна мрежа.
Околу 35% од барањата поради подолгиот рок на испорака на услугата биле упатувани кон надлежните општински јавни служби за решавање на пријавениот проблем од граѓаните.

Според бројот на пријавите од граѓаните, кои изнесуваат 295 во текот на цела 2018, наспроти бројот на работните денови за администрацијата и локалните јавни служби, произлегува дека во текот на еден работен ден преку Системот 48 часа граѓаните поднесувале по 1,2 барања дневно. 

Инаку, во текот на јануари до Општинскиот центар за услуги биле доставени 107 барања од граѓаните, од кои 63 биле за прием кај градоначалникот на општината. Покрај ова, 21 барање биле за надомест за новороденче, 16 за потврда за точна адрса, а другите за други потреби на граѓаните.

 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.