Денешниот ден започна со ситен дожд ноќта понедлникот спрема вторникот, за да продолжи со остварување на временската прогноза дека денот ќе биде ветровит. Се очекува ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува и ќе го промени правецот на движење од јужен во северен и северозападен. Повремените засилувања на ветерот ќе достигнат брзина и до 32 километри на час. Некаде брзината на ветрот се прогнозира да достигне брзина и до 80 км/час.
Дневната температура ќе достигне до 9 степени целзиусови. Воздушниот притисок ќе биде над нормалата со ниво од 1010 hPa во 06 часот изутрината, до 1012 hPa во пладневните часови, што значи константно висок. Тоа е предупредување за хроничните болни од кардиоваскуларни заболувања да је следат својата секојдневна терапија и да не се оптеретуваат.
Денеска сонцето изгрева во 06:29 часот, а заоѓа во 16:59 часот. Денот трае 630 минути, или 10 часа и 30 минути.
Времето во наредните денови под влијание на многу студена воздушна маса од север, од утре па до четврток ќе предизвика период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег на повисоките места.
Сончево не очекува за време на викендот со максимални 11 степени целзиусови, во неделата 12, а од понеделникот повторно пролетни температури со максимално очекувани 14 степени над нулата.