Ветровитата недела продолжува

Петок, 15 Февруари 2019

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така до крајот на неделата

 

 

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта. Студениот воздушен бран од север најавен дека ќе заврши со својата јачина во четвртокот, ама еве продолжува и петтиот ден од неделата, но со помал интензитет.

Изминативе денови, Гевгелија беше под налет на ветер од северен и северозападен правец со јачина од 11,6 до 16,1 метри во секунда, што претставува брина на ветер од 39 до 54 километри во секунда, изјавува дежурниот метеоролог Илија Ѓошев од гевгелиската метеоролошка станица.

Воздушните струења започнаа од 11 -ти февруари во раните утрински часови, за да фатат залет после 01 часот изутрината. Во вторникот имаше 24 часовни налети на ветерот, така што анемограмот во Метеоролошката станица во Гевгелија остана во мерна активност преку целиот ден констатирајќи ветрови удари со јачина од 12,2 метри во секунда, до 16,1 м/сек. Тоа е брзина на движење од 50 до 54 километри на час.
Следниот ден, во средата ветрото продолжи со забележителни ударни регистрирања во 09:30 часот од 12 м/сек и во 21:20 часот со ударна јачина од 11,6 метри/сек.
Вчерашниот ден, четврток ветрот беше појак во утринските часови во 02 со 14,1 м/сек па се до 03:59 часот со регистрирани 15,2 метри во секунда.

Ветрот ќе продолжи и денеска. За денеска прогнозерите предвидуваат потопло време, со намален интензитет на ветровите струења.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец. Од сабота следува период на претежно сончево време со променлив ветер и температури во пораст, од 12 до 16 степен над нулата во текот на денот.

 

Last modified on Петок, 15 Февруари 2019 - 03:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.