Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Вторник, 19 Февруари 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од 700.000 денари за изведување на нивните програмски активности во текот на 2019 година

 

 

Шеснаесет граѓански организации од општина Гевгелија ќе добијат буџетска дотација во вредност од 700.000 денари за изведување на нивните програмски активности во текот на 2019 година.
Тоа е предвидено во Програмата за финансиска поддршка на НВО секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2019 година, документ кој утре треба да се најде на одобрување пред членовите на Советот на Општината на закажаната 23-та седница.

Активностите утврдени со Програмата ќе бидат поддржани од Програмата Д-Градоначалник, преку Потпрограмата ДО, бидејќи истата ја предлага Градоначалникот на општината.

Интересен е податокот дека апликантите, вкупно 21 здружение на граѓани кои поднеле апликација за буџетска поддршка на активностите предложиле годишни активности во вредност од 10.084.945,- денаари, а од локалниот општински буџет побарувале покривање на 44,57 на сто од трошоците, или 4.495.520,- денари. Предлагачот на Програмата за поддршка на НВО секторот одобрил само 16 проектни активности во вредност од 700.000 денари, или 15,57 % од побаруваната сума.

Дотациите се движат од 10.000 до 50.000 денари. Најголем износ на буџетска поддршка привлекле Хуманитарното здружение „Ристо Калеников“ за организирање на „СРВ Фест 2019“ во вредност од 100.000 денари, а двојно повеќе, 200.000 денари е дотацијата за Националната алијанса на лица со посебни потреби „Мајка Тереза“ наменети за рана интервенција и ран детски развој.

Конечната одлука ќе ја дадат советниците на утрешната седница на Советот на општина Гевгелија.

 

Last modified on Вторник, 19 Февруари 2019 - 15:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.