Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

  • Вторник, Фев 19 2019

 

 

Општина Гевгелија минатата година започна постапка на исплата на 51% од наследениот доспеан, а ненаплатен долг кон доверителите кои по нарачка на локалната самоуправа изведувале градежни и други услуги за потребите на локалната заедница.
Со подршка од страна на Владата одобрени се 60,6 милиони денари за исплата на половина од износот на доспеаниот долг со состојба пријавена со записник од 30.09.2018 година.

Севкупниот главен долг заедно со каматните побарувања за 12 доверители изнесува 118.876.728,- денари. Владата одобри и ги инкасира на локалната буџетска сметка средствата во вредност од 60.627.131,- денари уште во текот на минатата година. 

Согласно најавата на градоначалникот на Општината пред советниците уште минатата година,  Списокот на целосниот долг и договорената сума за исплата на доверителите, согласно преговорите и постигнатиот дисконт на побарувањата, ќе се најде утре пред Советот на Општина Гевгелија на одобрување.

Во „Одлуката за одобрување на средства на користење на доспеани а неисплатени обврски на општината“ што е прва точка на разгледување пред советниците на утрешната седница, наведени се 12 доверители. Меѓу нив најголеми побарувања имаат фирмите „Еуро Инг“ ДООЕЛ од Гевгелија со 39 милиони денари, а постигната е согласност за исплата на 24,59 милиони денари. Потоа, ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија со побарувања од Општината на сума за извршени услуги во вредност од 32,67 милиони денари, а постигната е согласност за исплата на 8,7 милиони денари (што е дисконт од 73,37%). Следува по рекорд на побарувања ДГТ „Жикол“ ДООЕЛ Струмица со побарувања во вредност од 12,028 милиони денари, а договорена е исплата на 8,028 милиони денари (или досконт од 4 милиони денари).


Мегу листата доверители се „Македонска пошта“, „МАК инењеринг“, „Армор секјурити“, „Рина ком“ сите од Гевгелија, уште три скопски фирми „Линк Медиа плус“, „Сивил инженеринг“, „Бауер БГ“ и фирмите „Виница премиер“ од Виница и „Дигитал“ ДООЕЛ од Струмица.

Сите тие завршиле договорни обврски за нарачателот Општина Гевгелија во претходниот мандатен состав, а останале неисплатени за договореното.


По одобрувањето на одлуката од страна на советниците истата ќе стапи на сила со денот на објавувањето во „Службен гласник“ на Општина Гевгелија, по што може да следува реалната исплата на сметката на доверителите.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.