Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Петок, 22 Февруари 2019

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се претставува на меѓународниот туристички саем што се организаира во Белград, Србија, по 38-ми пат

 

 

Општина Дојран и тамошните угостители годинава од 21 до 24 февруари се претставува на меѓународниот туристички саем што се организаира во Белград, Србија, по 38-ми пат.

Оваа година саемот е под мотото „ Уште каде не сте биле?“ и на него како што јавуваат белградските медиуми има рекорден број учесници од 55 земји со 1.153 излагачи. Партнер на Србија во организирањето на саемот годинава е Словенија, а традиционално во Белград се претставува и Македонија, со туристичката понуда од Охрид и Дојран.

Штандот од југот на Македонија ги нуди проспектите од хотелите на брегот на Дoјранското езеро, самостојните издавачи на сместувачки капацитети, угостителски објекти, самостојни производители. Тука се фригованите риби, слаткото од диви смокви, маскинките од поднебјето на Дојран. Предводник на екипата презентери и излагачи е градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов. Тој со гордост истакнува дека:

- „Штандот на Општина Дојран меѓу најпосетените на саемот за туризам во Белград. Дојранското слатко од зелени смокви, слаткото од киви, маслинките, фригованата риба, виното и интересниот промотивен материјал се магнет за посетителите на саемот“.
Тој упати благодарност до сите жители на Дојран кои работат во областа на туризмот и доставија сопствен промотивен материјал за успешна презентација на туристичката и домаќинската понуда на Дојран.

Годинашниот саем на туризмот во Белград продолжува до недела 24 февруари. Организаторите најавуваат рекордна посета, поголема од минатата година кога беа регистрирани 70.000 посетители.

Денеска, на вториот ден од саемот за туризам во Белград, Општина Дојран имаше презентација во која пред голем број излагачи и посетители го промовираше видеото во кое е претставен целокупниот туристички потенцијал на општината.

Last modified on Петок, 22 Февруари 2019 - 21:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.