Приведен разбојник од Гевгелија, одреден му е 30 дневен притвор

Среда, 27 Февруари 2019

Основен суд Гевгелија, на пријавениот Т.К. (40) му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по пријава од МВР СВР Струмица за сторено кривично дело „разбојништво“, а се процесуираат уште седум кривични пријави за сторени кражби

 

 

Основен суд Гевгелија, на пријавениот Т.К. (40) му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по пријава од МВР СВР Струмица за сторено кривично дело „разбојништво“, а се процесуираат уште седум кривични пријави за сторени кражби.

Во денешниот полициски извештај МВР информира дека Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, минатата недела поднел Кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес, против Т.К.(40) од Гевгелија. Основ на пријавата е поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1, а во врска со член 44 став 1 и 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 09.01.2019 околу 02.40 часот во електронско казино во Гевгелија со ловечка пушка марка „Брно“ упатил закана кон вработениот и противправно одзел околу 150.000,оо денари. На 22.02.2019 во 05.30 часот во непосредна близина на сервис кај с.Мрзенци, од страна на полициски службеници пријавениот е лишен од слобода и кај него биле пронајдени пари, цигари, кои потекнуваат од извршена тешка кражба во маркет во село Негорци и ловечката пушка.

На 22.02.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во станот и помошните простории во кои живее и престојува пријавениот, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела и тоа: четири кражби од продавници и три кражби во куќи, за кои дополнително ќе бидат процесуирани кривични пријави. На предлог на јавниот обвинител во Велес, од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Гевгелија, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Last modified on Среда, 27 Февруари 2019 - 22:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.