Oдбележана задушница - ден за помен на починатите

  • Сабота, Мар 02 2019

 

 

Вчера и денеска на градските гробишта во Гевгелија со масовни посети на гробовите на починатите беше одбележана Задушница пред Прочка.
Во нашата традиција три од овие саботи се изделуваат, и тоа саботата пред Духовден, месопусната сабота и саботата пред празникот Митровден, и се нарекуваат задушници. Самиот израз „за душата“ означува дека тоа се особени периоди/денови во годината, кога христијаните својот молитвен труд им го посветуваат на упокоените.

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во чест на душите на мртвите. Оваа Задушница секогаш се паѓа една недела пред празникот Прочка. Тогаш се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите, верниците им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Според теолозите, самиот збор задушница значи „за душата“. И според оваа терминологија, тоа подразбира принесување жртви и молитви.

– „Под принесување жртва се подразбира варена пченица и вино, а во некои краишта се принесува и леб. И на тоа се ограничува принесувањето на жртвата, зашто во православната жртва има само бескрвна жртва. Раздавањето храна е непотребно, не е задолжително и не треба да се практикува. Во црквата секој ден си има свое значење и намена, па така како ден за покојните е одредена саботата. Затоа и задушниците се прават секогаш во сабота. Значи, спомените не треба да се прават во недела, туку секогаш во сабота“ – објаснуваат теолозите.

 Фото: Сабота, ден Задушница на градските гробишта во Гевгелија


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.