ЕВН исклучува потрошувачи во Гевгелија

  • Вторник, Мар 05 2019

 

 

Екипи на ЕВН - КЕЦ Гевгелија веќе два дена се на терен и исклучуваат потрошувачи поради неплатени сметки постари од три месеци.

Вчера и денес на шалтерите на ПТТ Гевгелија се чека ред од граѓани кои во раце држат неплатени сметки од ЕВН.
Веќе не важи правилото дека со три неплатени сметки ќе добиете налог за исклучување. Нема опомени, нема известување за заостанат долг, а ако не знаете дека освен јануарската и од вчера доставените февруарски сметки за потрошена електрична енергија ви гледаат ретроградно дали имате долг од 2013 година па наваму, можно е да се најдете на листата за исклучување од ЕВН.

Екипата која е на терен со возило и скали за достигнување на електро доводот од најблискиот приклучок кон потрошувачот, велат дека тие не знаат колку сметки има потрошувачот за плаќање. Тоа треба да го провери во просториите на Корисничко енергетскиот цемтар во Гевгелија, кој откако ги затвори шачтерите за наплата, вчера и денеска ги упатува потрошувачите кои сметки им се заостанати и колкав долг треба да платат за да бидат повторно приклучени во електроенергетскиот систем.
Граѓаните кои не знаеја за акцијата на ЕВН останаа вчера во мрак, очекувајќи дека се работи за дефект кој треба да биде отклонет, па работното време на екипата контролори на потрошувачка помина во ЕВН КЕЦ Гевгелија, а екипата за приклучок заврши со теренската работа за тој ден.

Од ЕВН КЕЦ Гевгелија велат дека станува збор за потрошувачи помалку од 100-на, и дека истите се издвоени како должници од страна на дирекцијата во Скопје. Дел од потрошувачите се исклучени даљински, со новите електро броила, дел од бандерата каде е извршен приклучокот до потрошувачот.

За да немате проблеми, проверето ги неплатените сметки за струја за да не ве посетат со скала на врата од ЕВН.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.