76 години од депортацијата на евреите од Гевгелија и Македонија

Понеделник, 11 Март 2019

На 11 Март, 1943 година, 14 наши сограѓани Евреи беа одведени од страна на фашистичкиот окупатор во логорот на смртта Треблинка, од каде што никогаш не се вратија

 

 

На 11 Март, 1943 година, нашите сограѓани Евреи беа одведени од страна на фашистичкиот окупатор во логорот на смртта Треблинка, од каде што никогаш не се вратија.
Меѓу 7.144 евреи од Македонија, беа и 14 жители на Гевгелија од двете еврејски семејства Брзилај (Самоил, Давид, Јаков, Деди и Виден) и семејството Ишула (Сафа, Салфета, Мануел, Давид, Аника, Маркита, Ида и Фекула).

Депортацијата на Евреите од Македонија претставува дел од депортација на Евреите од сите „новоослободени територии“ (Вардарска Македонија, Егејска Македонија, Поморавјето (Србија), и Тракија).
Сите Евреи од Македонија биле депортирани во логорот Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори. Од Треблинка не се вратил никој. Не останал ниту еден сведок да прераскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од Македонија. Документите се единствените сведоци за докажувањето на судбината на Евреите во Македонија.
Од сите три подрачја на депортација, Вардарска и Егејска Македонија и Тракија биле иселени околу 11.400 лица. Според податоци од октомври 1945 година, на територијата на денешна Македонија преостанале само 419 лица, чијашто заедница денес брои околу 200 граѓани со еврејско потекло.



Во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје поставени се три урни со пепел на македонските Евреи. Тие во Македонија се донесени во 1961 година и биле изложени во Битола, Скопје и во Штип. Од овие три града, како и од Гевгелија, ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани речиси сите Евреи од Македонија и кон крајот на март од скопскиот Монопол биле депортирани во логорот на смртта во Полска.

Вечна им слава на починатите жртви на фашистичкиот геноцид. Никогаш да не се повтори!


(Фото насловна: Мемеоријалниот мавзолеј во логорот Треблинка, Полска)

 

Last modified on Понеделник, 11 Март 2019 - 14:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.