Закажана 24-та седница на Советот на општина Гевгелија

Среда, 13 Март 2019

Претседателот на Советот на општина Гевгелија, Ташко Дојчинов, за утре, 24 март, ја закажа 24-та редовна седнца на локалниот општински Совет

 

 

Претседателот на Советот на општина Гевгелија, Ташко Дојчинов, за утре, 14 март, ја закажа 24-та редовна седнца на локалниот општински Совет.

За работа на Советот предвидени се 22 точки кои се најдоа на дневен ред по предлог на градоначалникот, по предлог на институциите кои се под надлежност на Општината и по предлог на установи чиј домен на работа е од интерес на граѓаните, а се надвор од надлежностите на општината и истите служат само за информирање на јавноста за достигнувањата во таа област.

На седницата ќе се расправа по Извештајот за работа на градоначалникот за минатата 2018 година, за Завршната сметка на Општината за 2018 година, за Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија од 01.01.2018 до 31.12.2018 година, кумулативно. Од финансиска гледна точка внимание ќе привлече и предложената втора измена на Буџетот на општината за 2019 година, која доаѓа по само еден месец од првата измена на буџетот усвоена на минатата седноца на Советот во февруари годинава. Измените ќе се однесуваат на Програмата за изградба, реконструкција и рехабилитација на локалните патишта и улици, поради што се предлага измени и на оваа Програма за тековната 2019 година.

Останатиот дел од точките кои ќе ги окупираат советниците се редовните обврски за разгледување и одобрување, или како ќе гласа советничкиот состав, на Годишните сметки на петте основни училишта во општината и средношколскиот училишен центар и на четирите установи од областа на културата што се под надлежност на општината.

Советот ќе ја разгледува и информацијата за Извештајот за состојбата со јавната безбедност, состојбата со безбедноста во сообраќајот на патиштата како и за годишната програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообрраќакот на патиштата.

Информацијата за состојбата со морбилите е посебна точка на дневен ред, само за запознавање на превентивните мерки кои ги превзеде ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија, иако морбилите се во опаѓање и истите се третираат на Инфективното одделение на Клиниките во Скопје.

Седницата е со почеток во 11 часот.

 

 

Last modified on Четврток, 14 Март 2019 - 12:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.