Подобрен јавниот ред и мир во Гевгелија

  • Четврток, Мар 14 2019

 

 

Полициската станца од Општа надлежност во Гевгелија достави Извештај за состојбата со јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија на разгледување пред Советот на општината. Првиот поглед на документот укажува на подобрување на состојбата со јавниот ред и мир во минатата 2018 во однос на претходната 2017 година.

Најнапред, намален е вкупниот број на регистрирани нарушувања, од 115 во 2017 до 70 пријавени нарушувања во 2018 година. Тоа е намалување за близу 40 од сто за само една година. Намален е бројот на карање и викање, на одавање во пијанство, на учество во тепачка, на омаловажување службени лица, нема пријави за несоодветно држење на животни, но сепак е висок бројот на пријави по прекршокот „физички напад“, ги има вкупно 41 во 2018, а биле 46 пријавени случаи во 2017 година.
Од стучните служби на ПС со ОН Гевгелија се вели дека овие регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир биле изолирани случаи и не претставувале опасност за општата безнедност на граѓаните. Со тоа е констатирано стабилна безбедносна состојба на станичното подрачје на надлежност на Полициска станица Гевгелија.

Фото: Табела од Извештајот на ПС со ОН Гевгелија за јавниот ред и мир за периодот 2018 споредено со 2017 - страна 3 и 4

Во текот на минатата година на подрачјето на ПС Гевгелија регистрирани се 59 случаи по член 144 став 3 од Кривичниот законик, кое се однесува на  „загрозување на сигурноста“, а со сторено кривично дело по член 253 од КЗ „кражба“ регистрирани се 152 случаи, од кои 29 се реализирани.

Во однос на мерките и овластувањата што ги имаат надлежните структури за безбедност на граѓаните, превземени се следните активности: извршени се 38 приведувања по судска наредба, 164 лишувања од слобода, 404 предупредувања, 865 прегледи на возила, изречени две мерки за претпазливост, издадени 20 решенија и поднесоци за сторен прекршок.

Граѓаните како да се охрабруваат да ги пријавуваат несоодветните однесувања на прекршителите на јавниот ред и мир. Во текот на 2018 година до ПС поднесени се 387 поплаки од граѓани од кои 56 се однесуваат на семејно насилство.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.