Топ Новости

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

  • Вторник, Мар 19 2019

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

 

 

Општина Богданци подготви Интегриран план за локален развој до 2022 година и истиот документ е отворен за јавна распара пред граѓаните и деловните субјекти лица од општината со цел да достават оправдано прифатливи измени и дополнувања кои ќе бидат во функција на локалниот развој.

Документот е објавен на веб страната на Општината со рок за доставување на предложи до 28 март годинава.

Стратешкиот план за локален развој е производ на тимска работа на поединци и институции, претставници од бизнис секторот, невладини организации, спортски друштва, регистрирани земјоделци, ФООМ и Агенција за вработување на Македонија. Документот на 77 страници ги позиционира економските, социјални, човечки, сообраќакни ресурси во општина Богданци прецизирајќи ги допирните точки на локалниот стратешки документ со Стратегијата на ЕУ за 2020. Понатаму се дефинираат и допирните точки со националните стратегии - пред се националната стратегија за рурален развој, за развој на мали и средни претпријатија, за животна средина и климатски промени 2014-2020, како и допирни точки со регионалните стратегии, пред се' со Југоисточниот плански регион каде припаѓа општина Богданци.

Целиот овој зафат на плански развој на општината до 2022 година е резултат на проектот „Унапредување на општинското владеење“ кое е финансиски поддржано од Европската Унија, а спроведен од УНДП со министерствата за локална самоуправа и финансии. Со проектот општина Богданци тимски изработи стратешка-планска основа за развојот на ова локална самоуправа врз основа на своите потенцијали.

- „Усвојувајќи го тој модел на планирање во развојот, ние ветуваме дека ќе се залагаме за надминување на предизвиците со кои се соочуваат општинските органи и граѓаните во поглед на демографските движења, како сериозна закана за вкупниот локален развој во иднина. Тука мислиме пред се на усогласеноста на понудата и побарувачката на пазарот на трудот, воспоставување на партнерство на бизнис секторот и образовните институции каде општините имаат делегирано надлежности од централната власт. Како локална самоуправа ќе се потрудиме да ги сертифицираме општинските услуги кон граѓанскиот и приватниот сектор, воспоставување на форуми на граѓани со цел јавна расправа за избор на проекти од интерес на заедницата и ќе работиме на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и квалитетот на услугите кои се пружат кон граѓанскиот сектор и деловните субјекти“, изјави градоначалникот на општина Богданци, Блажe Шапов.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од активната граѓанска заедница која има што да понуди во документот, или стопански субјект кој не се доискажал во однос на перспективите на општина Богданци на економски план, можете да го искористите периодот на отворената јавна расправа до 28 март, да го разгледате документот достапен на овој ЛИНК, и да се потрудите вашите мислења и забележки да ги доставите до локалната самоуправа која е проектен носител на документот.

Е-пошта на општината: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.