Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

Вторник, 19 Март 2019

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март, задутре 21 и во петок 22 март

 

 

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март, задутре четврток 21 март и петок 22 март за области и реони во општина Богданци и населените места.

Прекините ќе бидат повремени, со времетраење од 2 часа, пред се поради работа на екипите на ЕВН за осовременување на постојната електродистрибутивна мрежа. Целокупното времетраење на тридневно најавениот прекин, ако не настанат проблеми во изведбата на работите, треба да траа вкупно 14 часови.

Редоследот на исклучувања од елекротдистрибутивната мрежа кон потрошувачите е следен:

20.03.2019 година
- од 09.20 до 11.20 часот дел од Заобиколен пат Богданци од приклучок со Регионален пат до Мост на Луда Мара на Локален пат Богданци – Стојаково и ул. „Трнката“;
- од 11.20 до 13.20 часот влезот на ул. „Маршал Тито“ до Чавдарова Чешма, дел од ул. „Крушевска“, ул. „Изворски“, ул. „Петар Мусев“, ул. „Кирил Петрушев“ и дел од ул. „Бранд Петрушев“.
- од 13.20 до 15.20 часот село Стојаково и м.в Барта и Црквица во Богданци.

21.03.2019 година
-од 09.20 до 11.20 часот реонот на место викано „Дубрава“ во Богданци;
- од 11.20 до 13.20 часот дел од Центарот на Богданци и улиците „Првомајска“, „Пролетерска“, „Дојранска“, „Осоговски“ и „Братство и единство“;
- од 13.20 до 15.20 часот Рибник „Елита“.

22.03.2019 година
- од 09.30 до 11.30 часот од „Комерцијална Банка“ до „Драги Ком“, дел од ул. „Крушевска“ од ООУ „Петар Мусев“ до Спортска Сала „МЛАЗ“, дел од улиците „Бранд Петрушев“, „Никола Карев“, „Коста Поп Ристов“ и улица „Атанас Бојков“.

Известувањето е за потребите на индивидуалните и колективни потрошувачи и правни субјекти да ги планираат своите дејности во закажаниот термин и да го прилагодат процесот на работа и индивидуални активности, во периодот на недостаток на електрична енергија за потрошувачите од посочените реони.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.