Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

Среда, 20 Март 2019

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со достоинствените услови што ги има со Преспанскиот договор, а кој ВМРО-ДПМНЕ го негира. Сега тие се повторно на погрешната страна од историјата“

 

 

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, поддржан од СДСМ и коалиционите партнери, Стево Пендаровски денеска беше во посета на Гевгелија, каде во неформална дружба, попладнево оствари средба со граѓаните на Гевгелија, а времето посветено за дебата за придобивките од членството на Македонија во НАТО и ЕУ им го посвети на младите.

Поттикнати од определбата на младите дека сакаат земјава да оди напред и да не бидат изолирани во своите можности, младината од Гевгелија со интерес го следеше излагањата на г-динот Пендаровски во врска со неговиот став и гледиште за придобивките на нашата држава со членството во Европската Унија и НАТО алијансата.

- „Јас решив да одиме по патот кој е определен со Преспанскиот договор кој овозможува достоинствени услови за државата и широки јавни дебати со граѓанството и стучната фела. Шансите за прием се реални, со најавата да добиеме датум за преговори со Европската Унија во јуни годинава и можност да станеме 30-та земја членка на Асоцијацијата која годинава полни 70 години од своето постоење. Со Преспанскиот договор на достоинствен начин влегуваме во Европската Унија.
Од другата страна го имаме ВМРО-ДПНМНЕ и нивната кандидатка кои тврдат дека ќе го поништат сегашниот договор од Преспа и тие ќе постигнеле нов договор подобар за Македонија. И во 90-те години кога се отцепувавме од Југославија ВМРО бараше тоа да биде без референдум, во 2001 беа против Рамковниот догово, а ние се залагавме за решение на кризата низ институциите. Сега тие се повторно на погрешната страна од историјата“, истакна Пендаровски пред младите во Гевгелија за патиштата кои водат до ЕУ во реалноста и оптеретени со политиките на партиските стратегии на опозицијата.

Запрашан од младите какви перспективи носи членството во ЕУ во поглед на шансите за младите за вработување, Пендаровски истакна:
- „Официјален податок од 2018 година дека во земјата има остварено влез на странски инвестиции во висина од 625 милиони евра. Ваков износ на странски капитал немаме реализирано години наназад во државата. Нема ниту една држава која во посткомунизмот не влегла во НАТО, а да не ги триплирала странските инвестирања со влезот во евроатланските интеграции. Членството во ЕУ и НАТО се предуслов за инвеститорите. Со влезот на странските инвеститори ќе се охрабрат и домашните компании да инвестираат. Зошто, како што велат бизнисмените, капиталот е како зајак, тој се плаши да инвестира во земја која нема име. Сега со преспанскиот договор тоа е решено и се надевам на нагорна линија на инвестирања“, одговори Пендаровски.

Младите од Гевгелија се интересираа и го запрашаа кандидатот Пендаровски кој доаѓа од универзитетската фела, „Дали со членството во ЕУ ќе се олесни аплицирањето на високорангираните факултети“.

Универзитетскиот професор од „Американ колеџ“ сега кандидат за Перетседател на државата Пендаровски објасни дека со добивањето датум за преговори, и членството во Унијата секој граѓанин на Македонија ќе биде и граѓанин на Унијата. Така што, секој матурант, или студент ќе може да аплицира на повисоко универзитетско ниво рамноправно со студентите од другите европски земји, или како што посочи пример: „исто како да сте жител на Шведска, така ќе може да конкурирате и од Македонија на европските престижни факултети“.

Младите ги интересираше и можноста Претседателот на државата да оствари некоја протоколарна средба на државно ниво и во Гевгелија, а не сите случување да бидат сконцентрирани во Скопје.
Пендаровски го прифати предизвикот за дискусија, потсетувајќи ги младите дека пред неколку години таква дебата била одржана во МАНУ со намера освен главниот град да се потикне развојот и на други два центри во државата.
- „Јас ја поддржувам таквата иницијатива за децентрализација на институциите, еве министерствата на пример. Сметам дека освен Скопје државата треба да ојакне уште два регионални центри, еден на исток, еден на запад од државата. Главниот град колку и да е моќен не може да услужи милиони граѓани. Мене ми се допаѓа идејата, иако на дебатата во МАНУ таквата идеја за дисперзија на министерствата се оцени како скапа“, одговори тој.

Средбите на Пендаровски со граѓаните и младите од Гевгелија е дел од демократизацијата на земјата која започна со трансферот на власта пред две години кога мнозинството пратеници изгласаа претседател на Собрание и изгласаа состав на Влада.
- „Но, ни се случи насилен упад во Парламент, нешто што се нема случено во Европа со векови наназад. Македонија влегува во демократија и тоа е само една секунда од вековната демократска традиција на земјите членки на Европската Унија. Но, напредуваме со брзи чекори напред. Како што за само 3,5 години од вооружениот конфликт во Македонија успеавме да добиеме кандидатски статус за ЕУ“, уверен во исправниот пат по кој тргнале институциите во државата за реализација на членството во ЕУ и НАТО, Пендаровски ја заврши средбата со младите од Гевгелија.

 

Фото: од трибината со младите на Гевгелија, одржана во салата на Пионерскиот дом  „Јосип Броз Тито“ во Гевгелија

 

Last modified on Среда, 20 Март 2019 - 22:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.