Повторно чади депонијата кај Гевгелија

Недела, 31 Март 2019

Пред три дена екипи на ТППЕ го локализираа пожарот што го зафати комуналниот отпад на депонијата кај Гевгелија, но денеска од оваа локација повторно чади

 

 

Пред три дена екипи на ТППЕ го локализираа пожарот што го зафати комуналниот отпад на депонијата кај Гевгелија, но денеска од оваа локација повторно чади.
Ветрот кој дува од северен правец го носи чадот до околните објекти, Пречистителната станоца, казина, хотели, граничниот премин Богородица.
Станува збор за отпад кој иако потрупан со механизација и гаснат со цистерни вода, останал да тлее во ограденото подрачје на депонијата. Од Територијалната противпожарна служба во Гевгелија велат дека нема опасност бидејќи пожарот е локализиран, а догорува потпалениот отпад, кој со помош на ветерот и кислород кој го црпи од почвата продолжува со процесот на согорување.

Од ТППЕ велат дека изминативе пет дена на депонијата во Гевгелија се спречени дури три обиди за потпалување на депонијата во Гевгелија. Поточно, на 26 март годинава, на двапати, околу 18 часот и 1 час по полноќ е забележано разгорување на комуналниот отпад во депонијата од непознати причини. Исто така, на 28 март, рано наутро, поточно во 3 часот по полноќ, повторно е забележано разгорување на дел од комуналниот отпад. Екипите успешно интервенирале.

Јавните општински служби завчера побараа од надлежните државни органи целосна мобилност на нивните служби, во прв ред, истражување на причините за зачестено разгорување на депониите, зајакнување на чуварските служби на депониите и воведување на постојани дежурства. Истовремено, е побарано утврдување и решавање на присуството на одреден број на лица, кои не потекнуваат од општина Гевгелија, а диво и провизорно се населуваат долж коритото на Сува река, во непосредна близина на депонијата.

 

Фото: од последната интервенција на ТППЕ Гевгелија на опожарената градска депонија кај Сува река (28.03.2019 год.)

 

Last modified on Недела, 31 Март 2019 - 17:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.