Видео: Карциномот царува во Гевгелија со помош на арсенот

  • Четврток, Дек 04 2014

 


{flike}


Иницијативата „Арсена“ во соработка со Фондацијата „Срце од срце“, а со поддршка на ФООМ одржа едукативна трибина за граѓаните на Гевгелија посветена на малигните заболувања. Поводот за ваквиот интерес е подолгорочното внесување на отровниот металот арсен кој се наоѓа во водата од гевгелискиот водовод и здравствените реперкусии врз населението кое ја користи со месеци и години ваквата вода. 

Гостин на трибината со свое стручно предавање беше Проф. д-р Мери Пешевска од Институтот за онкологија при Клиничкиот Центар во Скопје која посебно се осврна на „Раното откривање и третманот на ракот на дојката“.

Професорката Пешевска истакна дека ракот на дојката е многу често заболување. Во светот една од девет жени во текот на животот заболува од карцином на дојка. Како ризик фактори за овој вид карцином ги посочи генетскиот фактор (фамилијарната слика на заболени од карцином), жени кои не родиле во текот на живот имаат предиспозициии на појава на рак на дојка. А, како ризик фактори врз кои можеме да влијаеме се дебелината, преку избегнување масна храна, практикување физичка активност, доењето влијае позитивно. Алкохолот и контрацептивната терапија се исто така во групата ризик фактори кои можеме да ги контролираме.

Само рано откриен рак успешно се лекува, затоа јас препорачувам скрининг прегледи за превенција на рак на дојка, истакна во своето предавање професорката Пешевска.

Во дискусијата неизбежно стана збор за гевгелиската вода која во себе го содржи арсенот, елемент познат во науката како силен и сигурно смртоносен отров. Колку користењето на ваквата вода, загадена со арсен која ја добиваат гевгеличани од градскиот водовод влијае врз појавата на овој вид карцином, беше прашањето од присутните.

- „Апсолутно, арсенот е токсичен и влијае врз сите видови карциноми и на рак на дојка, и на белите дробови, и на ракот на дебелото црево и на сите органи. Затоа е најдобро таквата вода да не ја конзумирате. Да се изборите да биде прочистена, одговори професорката Пешевска на прашањето за присуството на арсенот со концентрација над 50% од дозволените стандарди на Светската здравствена организација.

Јованка Дојранлиева ги изнесе растечките бројки на заболени лица во општина Гевгелија од сите видови неоплазми, но и растечката смртност на заболените од карцином која од некогашните 13% пораснале на 20% во 2010/2011. Какви е сегашната здравствена слика на гевгеличани по однос на малигните заболувања, беше нејзиното прашање до докторката.

- „Јас во мојата област - рак на дојка, апсолутно имам зголемен број на пациенти со рак на дојка. Значи, не само со рак на дојка, и во другите локализации, бројот на пациенти со малигни заболувања од општина Гевгелија е зголемен, во последните неколку години. И, тоа исклучиво доста помлади жени, помлади пациентки. Некои од нив имам и тука присутни. Меѓутоа, бројот на малигните заболувања од општината се зголемува. Апсолутно се зголемува“, истакна професорката.



Докторот во пензија Панде Кацарски во својата дискусија на трибината забележа:

- „Арсенот е убиец. Не’ убива сите. Познат отров во историјата, но денес дозволуваме да не’ трујат за наши пари. Ние ја плаќаме водата, забранета вода со решение од Агенција за храна и ветеринарство. Забранета е за конзумирање. Можеш да купиш само два литра вода колку што се дневните потреби, ама не и секој ден. Арсенот е убиец и сите надлежни што не превземат мерки да го решат прашањето се учесници во убиството наше. Не’ убиваат постепено.“

Кацарски искажа незадоволство што две години не е мрднато ниту еден чекор за решавање на проблемот. Побара Гевгелија да не дозволи мајките да раѓаат деца монструми како што имаше случаи во Велес. И децата се раѓаат со арсен во себе, зошто мајката родилка го има во својата крв, посочи тој. Која е таа Влада која не ги почитува своите закони? праша Кацарски потсетувајќи дека стандардите за квалитет на води Македонија ги прифатила во 2008 година.

Доколку не се решат проблемите на ниво на Совет на општина Гевгелија, каде треба да продолжи граѓанскиот притисок за решавање на проблемот, треба да се пристапи на граѓанска непослушност и неплаќање на сметките за вода, предложи во својата дискусија д-р Кацарски.

Поради зголеменото ниво на заболени од карцином и можноста од експлозија на малигни заболувања заради користење на неупотреблива, забранета вода за користење, од трибината присутните предложија да бидат испратени и соодветни заклучоци до надлежните локални и државни тела:

1. На секоја сметка за вода што ја праќа јавното претпријатие „Комуналец“ до потрошувачите од градскиот водовод во Гевгелија, а која граѓаните ја плаќаат, да биде отпечатена пораката дали „Водата е за консумирање“, или „Водата Не е за консумирање“ и колку микрограми арсен содржи во себе;

2. Бидејќи со документ од 18.10.2012 година се потврдува дека Агенцијата за храна и ветеринарство ги забранило за употреба бунарите кај Моин, да се упати јавен повик до Градоначалникот на Општина Гевгелија, и инспекторот на Агенцијата за храна и вода ПЕ Гевгелија кој извршил анализа на водата јавно да одговорат: „КАКВА ВОДА ПИЕ ГЕВГЕЛИЈА?“,

3. После констатацијата дека водата е „небезбедна за консумирање“ граѓаните бараат да се прифатат иницијативите на „АРСЕНА“ доставени до Советот на општината уште во јуни годинава за намалување на цената на водата на ниво на техничка вода која граѓаните смеат да ја користат само за хигиенски потреби и иницијативата за отварање на специјални продавници за набавка на пакувана вода по субвенционирана, набавна цена.

Организатор на трибината покрај споменатите е и здружението на граѓани „Патокази“ кое посочи дека со месеци се обидуваат на ваков начин да ја кренат јавната свест кај граѓаните, но се соочувале со навидум банални пречки, а тоа е немењето слободен простор, сала за одржување на трибина. Од општината добиле одговор дека -„Ние сала за таква намена немаме“.

Дали здравјето на граѓаните е забранета тема во Гевгелија, или арсенот и неговата закана кон здравјето на гевгеличани ги затвара сите врати од јавниот простор наменет за гевгеличани.


 


 

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.