17 години од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон

  • Вторник, Сеп 11 2018

 

 

Денес навршуваат 17 години од терористичките напади кои го згрозија светот и во кои загинаа над 3000 луѓе во одделни терористичкинапади во Њујорк и Вашингтон.

Терористите исламисти, со киднапирани четири патнички авиони ги извршија нападите. Два од патничките авиони полни со патници се удрија во двете високи згради на Светскиот трговски центар, попознати како кулите близначки, еден авион се сружи во зградата на американската војска „Пентагон“ во Вашингтон, а четвртиот авион падна во поле во Пенсилванија по борба меѓу патниците и исламистите.

По нападите, тогашниот претседател на САД Џорџ Буш Помладиот одговори со напад врз Авганистан со цел да го задуши талибанското движење и исламистичката група Ал Каеда која е одговорна за терористичките напади во САД.

Американскиот претседателот Доналд Трамп денеска ќе го посети Меморијалниот центар изграден на местото каде се урна четвртиот авион, во градчето Шенксвил.

По нападите САД воведе нови, далеку построги закони за контрола на комуникациите и следење на муслиманските здруженија, при што спречија повеќе напади врз авиони и на локации низ САД.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.