Топ Новости

Во акцијата „Нахрани 10.000“ собрани 12 тони храна

  • Петок, Сеп 14 2018

 

 

Десетте градови низ Македонија кои се вклучија во акцијата „Сите сити“ ја надминаа квотата на собрани донации со храна, обезбедувајќи 12 тони храна наменета за социјално загрозени категории лица и семејства, а само во Гевгелија нахранети се 25 социјални случаи.

Националниот проект „Нахрани 10.000“ кој минатата недела се организираше и со отворен штанд во центарот на Гевгелија  и пред просториите на Општинската организација на Црвениот крст, успеа да стартува, но со слаба ефективност на реализираното во општински рамки.

Деветчасовниот отворен штанд беше изненадување за гевгеличани, кои во голем дел ја поздравија акцијата, ама во мал дел ја посетија. И тие кои го посетија штандот, изненадени од акцијата велат дека им е жал што дошле не спремни на ваков настан, па побрзале да купат нешто од посочените видови храна за донација од најблиските маркети. Во Гевгелија собрана е донирана храна која се распредели на 25 социјално загрозени лица. Ова не беше зацртаната бројка од мотото на акцијата „Сите сити“ ниту масовноста со називот „Нахрани 10.000“.

- „Наредниот месец одзивот во акцијата ќе биде уште поголем, се разбира, доколку во неа со донации на храна се вклучат и стопанските организации, пред се', преработувачките фабрики“, велат во општинската организација на Црвениот крст.

Знаејќи дека хуманоста не е слаба страна на гевгеличани, останува организаторите да поработат на промоција и афирмација на акцијата, па наместо чекање во канцеларијата на Црвениот крст, или пред штанд да се погрижат да ги анимираат потенцијалните донатори кои самите ги посочиле, од редот на фирмите кои подготвуваат земјоделски и овошни преработки, во конзервирана, трајна состојба.

Гевгелиските претставници на Црвениот крст најавуваат дека националната акција ќе продолжи со најавен термин за реализација и наредниот месец, на 16 октомври, кога се очекува да се соберат 60 тони спакувана и конзервирана храна наспроти 12 тони кои беа собрани во 10-те градови од одржаната акција на 6-ти септември годинава.

Според статистички податоци, во Македонија на годишно ниво се фрлаат 12.000 тони храна со која што можат да се обезбедат по три оброка дневно за да бидат сити 26.000 граѓани. Овој тренд на фрлање храна, наместо организирано собирање и достава на лица на кои им е потребна за живот, ја рангираат нашата земја на седмото или осмото место во светот по фрлање на вишок храна.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пречистителна станица кај Вардар утре ќе биде предадена во употреба

Капиталниот проект вреден 10,6 милиони евра е реализиран со трилатерална

Повеќе

Гевгелија од хотелски станува и транзитен угостителски центар

Гевгелија освен транзитна делница од меѓународниот пат „Пријателство“ стана и

Повеќе

Владата ги намалува тарифите на нотарите и извршителите

Извршителите повеќе нема да можат да наплаќаат енормно високи суми од граѓаните

Повеќе

Ветровита Гевгелија

Веќе 21 час Гевгелија е под ветровит налет со јачина од 50 до 70 километри на

Повеќе

Министерот Димитров денес во Миравци

Министерот за Надворешни работи Никола Димитров денес на граѓанска трибина во

Повеќе

Европската Унија со грантови за 30 општини во државата

Еден милион евра од Европската Унија наменети за развојни планови на 30 општини

Повеќе

Откриени 120 илегални мигранти во гевгелиско и Богданци

Во две одделни акции на МВР спроведени на 22 и 23 септември во реонот на

Повеќе

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.