Топ Новости

Донирано возило за гевгелиската детска градинка

  • Понеделник, Окт 08 2018

 

 

 

Агенцијата за одземен имот донираше едно возило марка „Киа Карнивал“ за потребите на јавната општинска установа „Детска радост“ од Гевгелија. Донацијата е извршена по барање на општина Гевгелија која со делегираните надлежности од Централната власт има овластување да се грижи за квалитетот на згрижување на децата од предучилишна возраст.

Донираното возило освен за секојдневните потреби на ЈГУ „Детска радост“ за контактирање на своите клонови во Гевгелија, Миравци, Негорци и Богородица, ќе се користи и за транспорт на неопходни артикли и храна.

Јавната општинска установа „Детска радост“ од Гевгелија веќе подолго време имаше недостиг на службени возила.

Отстапената донација беше повод и за посета на установата од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

При посетата на установата меѓу вработените Поцков ја истакна потребата од натамошни активности за подобрување на условите за престој на децата во детските градинки. Притоа, најави дека општина Гевгелија прави напори за обезбедување на средства за замена на столаријата во детската градинка „Цветови“.

Од општината јавуваат дека локалната самоуправа веќе издвојува дополнителни финансиски средства за нормално функционирање на оваа детска јавна установа поради зголемениот обем на работа и потребата од дополнително ангажирање на негувателки и воспитувачки.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.