Намален трошковник за Општината па и за градоначалникот на Гевгелија за 2018

  • Четврток, Ное 01 2018

 

 

Намалување на буџетските проекции за 265.845.381 денар за 2018 година изгласа Советот на општината. Со тоа од планираните 973,3 милиони денари на рсполагање на Општината за реализација на програмите остануваат 707,4 милиони денари. Ова значи скратување на буџетските проекции за 27,3% што е резултат на намалените буџетски остварувања во изминатото деветмесечје.

Градоначалникот Поцков ребалансот го правдаше со цел усогласување на програмите од надлежност на општината со очекуваните приходи кои треба да се реализираат до крајот на годината. Иако, голем дел од очекувањата тој посочи на буџетската интервенција од страна на Владата на РМ за раздолжување на наталожените и наследени долгови кои ги имаат поголемиот дел од општините во државата, сепак додаде:
- „За вистинските резултати од годината ќе зборувам во февруари следната година кога ќе ја имаме завршната сметка на буџетот, за кога очекувам дека ќе имаме исплата на владините наменски средства за раздолжување на општините, а тие ќе значат отплата на започнатите проекти, што се најголем дел од наследените долгови“, рече Поцков.
- „За разлика од мојот претходник, кога јас менаџирам со општината и градам, тогаш ги плаќам изведувачите. Тоа не беше случај со работењето на минатиот градоначалник. Тој градел и не плаќал. Ние како локална самоуправа ги наследивме долговите, еве и ги отплатуваме и планираме да ги отплаќаме и кредитните задолжувања кои со грејс периодот ќе настапат на сила за некоја година“, рече Поцков пред советниците во одбрана на ребалансот.

Најголеми кратења во расходните проекции се предвидени кај „капиталните расходи за градежни зафати“ во износ од 253,9 милиони денари. Од предвидените 561,9 милиони денаари намалени се на 306 милиони денари за таа намена. Останатите корекции се во ставките „Стоки и услуги“ каде кратењето изнесува 9,88 милиони денараи и кај „Платите и надоместците“ кои се пократки за 2,9 милиони денари. Кратење има дури и во ставката „Расходи на градоначалникот“ во износ од 400.000 денари. Сепак, ребалансот не значи само кратење. Зголемување има кај капиталните расходи за отплата на кредитните задолжувања за 2,699 милиони денари повеќе.

Оценка на предлагачот на ребалансот е дека е задржана развојната комонента на буџетот со тоа што „Капиталните расходи“ учествуваат со 43,5 % во основниот буџет или 308.004.481 денари, додека пак „тековно оперативните расходи“ завземаат 56,4% од вкупниот буџетски колач за 2018 година, или 399.457.177 денари.

Ребалансот доби зелено светло од мнозинството советници со 10 гласови „за“, 6 „против“ и 1 „воздржан“.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.