Нето добивката на Комуналец распределена за инвестиции

  • Сабота, Ное 03 2018

 

 

Јавното локално комунално претпријатие чиј оснивач е Општина Гевгелија со последниот шестмесечен извештај за своето работење за првото полугодие од 2018 година прикажа во Заклучниот лист нерспределена добивка од 14.936.000 денари. Истата е прикажана дека се однесува за 2008-2009 година.

Но, со последната Одлука на Управниот одбор на претпријатието се бараше од основачот - Советот на општина Гевгелија, да биде одобрена рераспределба на Нето добивката на претпријатието во износ од 763.894,- денари за „други намени“, односно за инвестиции - набавка на основни средства за обавување на дејноста на ЈПКД „Комуналец“.

Ваква одлука беше изготвена по сугестии на Државниот ревизор, беше речено од претставникот на ЈПКД „Комуналец“ при излагањето на одлуката на Управниот одбор на претпријатието пред гевгелиските советници на одржаната 16-та седница на локалниот општински Совет.

Советниците ја изгласаа одлуката за прераспределба на нето добивката за нови инвестирања од делокругот на работењето на Комуналец и констатираа дека очигледно остатокот од финансиски прикажаната добивка од 14,2 милиони денари е виртуелна приказна на старото раководство на Комуналец кој фактурирал, а не ги наплаќал своите обврски. Во случајот, се работи за застарени побарувања кои и по судски пат не можат да бидат наплатени, а секоја тужба ќе биде непродуктивен трошок на претпријатието.

Со 15 гласови „за“ еден „воздржан“, еден не гласал поради судир на интереси и еден отсутен од седницата, Одлуката за распределба на нето добивката на „Комуналец“ во вредност од 763.894,- денари е донесена, одобрена од основачот на претпријатието - Советот на општина Гевгелија.

Ќе понесе ли одговорност поранешното раководство на претпријатието за нанесената финансиска штета на „Комуналец“ од 14,2 милиони денари ненаплатени, застарени побарувања? На ова прашање должно е да одговори Управниот одбор на претпријатието, Надзорниот одбор и секако Советот на општината како орган кој ја следи и одобрува, или санкционира работата на јавното локално комунално пртпријатие.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трамп прогласи вонредна состојба во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во САД во

Повеќе

Македонија втор ден во национална жалост

Со знамиња на половина копје и откажани културни настани и манифестации, во

Повеќе

Ветровитата недела продолжува

Од почетокот на неделата Гевгелија е под налет на ветришта, а ќе продолжи така

Повеќе

Жртви на несреќата од 19 до 66 години

Тројца студенти, двајца пензионери, вработени во НБМ, Општина Центар,

Повеќе

14 и 15 февруари денови на жалост

Поради трагичната сообраќајна несреќа кај тетовско и 14 загинати, вечерва

Повеќе

Знамето на НАТО се вее пред Владата заедно со Македонското

Видео:  Церемонија на подигање на знамето на НАТО пред Владата

Повеќе

Времето денеска

Денешниот ден започна со ситен дожд после полноќ, за да продолжи ветровито

Повеќе

Локалниот сервис за граѓаните со ефектива од 65,4%

Преку Системот 48 часа лани биле поднесени 295 барања од граѓаните, или 1,2

Повеќе

Нови канализациони линии за Гевгелија, Смоквица и Милетково

Во подготовка планови за изградба на канализациона мрежа за Ново Конско,

Повеќе

Динќот сезонава ќе биде пуштен во употреба

Веќе е во завршна фаза уредувањето на ова локално излетничко место кое ќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.