Топ Новости

Трибина „Развојот на туризмот и угостителството во Дојран“

  • Сабота, Дек 01 2018

 

 

Општина Дојран во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија денеска организираше средба со хотелиерите и приватните издавачи на соби и апартмани.

Заради географската положба, природните ресурси, културата и традицијата, како и постојните капацитети, меѓу главни дејности во општината се издвојува туристизмот и угостителската деност, која во последно време се интензивира во квалитет.

На средбата која се одржа во хотелот "Романтик" во Стар Дојран се зборуваше за изминатата летна сезона, предизвиците со кои се соочуваат туристичките работници во текот на нивната работа и наплатата на туристичката такса.

- „Реалниот туристички потенцијал на Дојран е 120.000 реализирани ноќевања во текот на летната туристичка сезона. Општината заклучно до денеска има инкасирано 1.115.000 денари од туристичка такса. Тоа се средства кои се слеваат од секој хотелиер или приватен сопственик на сместувачки капацитети за секое реализирано ноќевање од кое 32 денари одат во локалниот буџет на Општината, а само 8 денари се републички средства. Според логиката, Општина Дојран би требало годишно од туристичка наплата да приходува сума од четири до пет милиони денари, ако го земеме во предвид и семинарскиот и спортско-рекреативниот туризам кој е во тек, но тоа за жал не се случува. Се соочуваме со прикриени издавачи кои не ги пријавуваат гостите, иако се обврзани со закон, ниту пак плаќаат туристичка такса од 40 денари по лице за едно ноќевање“, објасни градоначалникот Анго Ангов на трибината одржана на тема „Развојот на туризмот во Дојран“.

Во општина Дојран има регистрирано 290 приватни издавачи на сместувачки капацитети кои поседуваат близу 5.000 легла и пет хотелиери со над 600 легла расположиви во текот на целата година: СРЦ и хотел Истатов, Хотелите „Полин“, “Романтик“ и „Македонија“ и хотелско-казинскиот комплекс „Хит“ кај македонско-грчката граница.

- „Во текот на годината имавме квалитетна и успешна соработка и од републичката Агенција за поддршка на туризмот во Македонија која одвои 1.000.000 денари за откуп на огласувачки простор - билборди на меѓународниот автопат Е-75 на територија на Србија на кои се рекламираше туризмот во Дојран. Преку букинг системот голем број на туристи од соседна Србија беа на летување, или пропатување низ Дојран кон Грција. Овие еднократни туристи, иако привлечени од АПТ очигледно е дека не се евидентирани како гости кај приватните издавачи, ниту за нив е исплатена туристичка такса“, ја објаснува градоначалникот Ангов поддршката за развој на туризмот од Агенцијата, и несоодветниот одговор на издавачите кога е во прашање обврската за исплата на туристичката такса.

На трибината беше потенцирано дека сите средства собрани од туристичка такса се видливи и се инвестираат за да се привлечат повеќе туристи, да се понудат интересни содржини, да се збогати и обнови урбаната опрема итн.
Беше договорено вакви средби да се одржуваат почесто, а од истите бенефит има локалната самоуправа затоа што подобро се запознава со работата на угостителите, но и туристичките работници затоа што одблиску се запознаваат со функционирањето на општинската администрација, особено одделението одговорно за локален економски развој и туризам.

Приватните издавачи побараа од градоначалникот познатата „Градска плажа“ во иднина да не се издава на концесионер, туку да остане слободна плажа, каква што ја знаат сите од дамнина. Градоначалникот прифати тој простор да остане обврска на Општината и истиот да биде уреден соодветно за посетителите и капачите и биде слободна плажа со пристап за секого.

Туристичкиот биланс на Дојран во изминатата летна туристичка сезона го држи националниот тренд за поголем број на остварени ноќевања во приватното сместување, наспроти понудата за хотелско сместување, која во 90-те години од минатиот век беше десеткувана. Тоа им дава важност на имателите на нови сместувачки капацитети кои стануваат важна алка во туристичката понуда на Дојран и развојот на оваа дејност во овој крај од државата.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.