Се чекало прогласување на воена состојба на 27 април

Понеделник, 03 Декември 2018

Обвинетиот Младеновски раскажа дека се следело СЈО, се планирал напад и на ДИК, советик на Иванов рекол дека ќе има апсење дека Иванов ќе прогласи воена состојба

 

 

Советникот за национална безбедност на претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски, дал информација дека Иванов ќе прогласи воена состојба, пристапот до Скопје од Западна Македонија е блокиран и ќе се уапси парламентарното мнозинство поради државен удар, ова денеска на судскиот распит за предметот за „Крвавиот четврток“ го сведочеше обвинетиот Михал Младеновски.

– „27 април како настан делуваше негативно и даде една лоша слика за нашата држава, не подели комплетно како луѓе по секоја основа и затоа беше осмислен и организиран со цел одредени луѓе да си ги заштитат своите интереси притоа не мислејќи за евентуалните жртви. Бидејќи сум по професија правник морам да нагласам дека сум многу свесен за последицата која произлезе од тој настан. Може и е лошо што малку доцна, но е добро што повеќе од нас сфатија која е поентата на тој настан. Од денешен аспект се работи за монструозна конструкција и заради тоа денес сме сите тука во оваа сала“ – почна Младеновски во неговото сведочење.

Во средината на 2016, рече тој, првпат се запознал со тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски во кафичот Аристократ преку Александар Василевски Нинџа.

– Нинџа ми кажа дека тој е негов близок пријател и со поставувањето на Атанасовски на чело на УБК ќе добие моќ од аспкет на користење на ресурсите на службата, логистика од одредени функционери во службата. Накратко, од целиот тој разговор добив впечаток кој потоа и Нинџа ми го потврди, дека додека Атанасовски е директор ќе има одврзани раце околу битни случувања во Македонија. На 11 декември 2016 имаше избори. Уште вечерта резултатите беа неизвесни, двете партии прогласија победа. После тоа се случија приговори до ДИК, која требаше да одлучува во поглед на истите и одредени луѓе кои беа на позиции како Атанасовски проценија дека е потребно да се изврши притисок врз членовите на ДИК кои треба да одлучат за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Еден ден пред почетокот на протестите пред ДИК, имавме една средба во „Аристократ“ на која присуствуваа тогашни високи функционери од УБК, Владимир Атанасовски, мислам тогашен помошник директор или заменик – началник на Петтата управа, Никола Бошковски кој сега е во бегство во Грција, Дејан Димковски Боксер од УБК, Мери вработена во кабинетот на директорот на УБК, тука беа и Нинџа, Кољо… Ни беше кажано дека треба да се настапи на првиот протест пред ДИК, на кој треба да има претежно машки кои ќе застанат во првиот ред кај металната ограда и дека по одредена насока која ќе биде дадена, а ќе ја пренесе Александар Василевски – Нинџа, ќе треба да се дејствува со молотови коктели. Се користеа шифри при комуникацијата на Вибер и Сиглан, шифрата за Нинџа беше Самурај, така се водеше во комуникацијата меѓу функционерите на УБК – сведочеше Младеновски.

Откако ДИК ги соопштила резултатите на изворите на кои со 51 пратеник победила ВМРО-ДПМНЕ, атмосферата се смирила се' до моментот кога станало јасно дека партијата нема да успее да формира влада со ДУИ. Тогаш, рече Младеновски, се интензивирале средбите со функционерите од УБК и било соопштено дека ќе се почне со протести. Обвинетиот сведочеше и дека на другиот обвинет кој постојано го споменува во исказот, на Нинџа, му биле давани и други инструкции.

– „Му беа дадени инструкции на Нинџа да покрие следење на одредени луѓе кои директорот на УБК ги сметаше за интересни, како што кажуваше, државни непријатели. Беа следени обвинители од СЈО, беа сликани, документирани. Беше следен Кире Наумов, бидејќи имаше информации дека е склон кон алкохол и малолетни девојчиња и треба да му се конструира некоја афера. Да биде сликан и документиран“ – рече обвинетиот.

Тој кажа дека на средбите од Бошковски им било кажувано дека тие, групата околу Нинџа се надворешна „Петка“ односно поддршка на Петтата управа од УБК.

– Нинџа и Атанасовски немаа добро мислење за тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков. Немаа комуникација со него за ова, работите одеа преку УБК односно овие работи се правеа без знаење на јавната безбедност – сведочеше обвинетиот.

Обвинетиот сведочеше и за директните договори, распореди на движења, настани и наредби за денот 27 април:

– „Во „Жена Парк“ дојде „голф 5“, сива боја, со затемнети стакла, која беше сопственост на УБК и службено возило на Никола Бошковски. Тоа ми е познато зашто со тоа возило доаѓаше во „Аристократ“. Секогаш доаѓаше со различни таблици, знам дека имаше 10-тина таблици. Бошковски застана кај аптеката, таму пристапи со Нинџа, ни кажа и видовме дека во колата има оружје, не знам чие, тој имаше и панцирни елеци, пиштоли, автоматско оружје… за кое ни кажа дека ќе треба да се подели на луѓе кои имаат искуство, претежно од 2001 година. Причината зошто го кажаа тоа беше бидејќи имаат информации дека неколку албански групи се спремаат да дојдат, веројатно да помогнат на пратениците“ – сведочеше обвинетиот Младеновски.

Меѓутоа до тоа не дошло бидејќи им кажале дека советникот за национална безбедност на претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски, дал информација дека Иванов ќе прогласи воена состојба, пристапот до Скопје од Западна Македонија е блокиран и дека тој ќе прогласи воена состојба и ќе се уапси парламентарното мнозинство поради државен удар.

Кога Иванов не го направил тоа, рече Младеновски му станало јасно дека станува збор за осмислено сценарио во кое тие се искористени од страна на функционерите од УБК.
Тој кажа и дека значки од УБК имаат и обвинетите Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо. 


Напишано од Александар Самарџиски

Повеќе прочитајте од ЛИНК за целиот текст

Last modified on Понеделник, 03 Декември 2018 - 21:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.