60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Четврток, 06 Декември 2018

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

 

 


Голем jубилеј, кој означува зрелост и стручност - шестдецениска дејност во сферата на образованието, годинава одбележува Општинското основно училиште „Крсте МИсирков“ од Гевгелија.
По тој повод утревечер колегиумот наставници заедно со своите ученици, членовите на училишните секции, хорот и музичките групи, подготвуваат свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“. На истата ќе бидат изведени јазични колажи, танцови настапи, еко ревија.
Сценариото на приредбата „И ние сме Мисирков“ е од Зорица Петрова, а режијата на Наташа Смилкова и Елизабета Караниколова.

60 гоини од создавањето на ООУ „Крсте Мисирков“ - Училиште од кое излегоа многу ученици, за кои не постојат зборови со кои би се искажала гордоста што се „деца на преродбеникот Мисирков“, оличје на нашиот труд. Голем дел од нив несомнено се гордеат што го започнале своето образование токму во ова гевгелиско училиште, а некои од нив и се наша гордост како познати поети, музичари, актери, писатели, спортисти, уметници, професори, почитувани и успешни ученици и пред се' наши сограѓани, велат во поканата организаторите, тимот вработени во училиштето.



Директорот на ООУ „Крсте Мисирков“- Михаил Петров, по повод шестдеценискиот јубилеј со гордост се сеќава на почетоците од 1958 година, првите наставници кои го внедрија знаењето во повоените генерации деца, ученици и новиот тим колеги, наставници кои се носат со предизвиците на новото време со новите знаења. Потсетувајќи се дека секоја учебна година носела и нова генерација ученици желни за знаења и подготовка да станат способни чинители и градители на заедницата, тој со гордост ги покани сите на утрешното одбележување на 60-годишниот јубилеј со заедничката програма која се организира во Народниот театар во Гевгелија.


 

Last modified on Четврток, 06 Декември 2018 - 16:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.