Основниот суд во Гевгелија со вратени надлежности од 1 јануар 2020

Понеделник, 11 Март 2019

Тоа значи нема веќе одење во Велес за трговски и управни спорови, односно  за Судот во Гевгелија значи враќање на старите проширени надлежности

 

 

Собранието на РСМ на својата 88-ма седница, одржана минатата недела, го донесе Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, кој за Судот во Гевгелија значи враќање на старите проширени надлежности.

Тоа е предвидено во член 8 од Законот, каде е извршено следното дополнување:
„Основните судови во Гевгелија, Кавадарци и Кичево ќе ги вршат надлежностите на основни судови со проширена надлежност од 1 јануари 2020 година.“

Тоа значи нема веќе одење во Велес за судски спор над 100.000 денари, за предмети кои ги водат правни субјекти помеѓу себе, за управни, за трговски спорови, за платежни спорови и т.н.

Во образложението на донесените дополнувања на Законот за судовите се вели дека: Судските постапки започнати пред 1 јануари 2020 година, по добивањето на статус на судови со проширена надлежност на судовите во Гевгелија, Кавадарци и Кичево би потпаднале под нив, продолжуваат пред судот пред кој започнале.

Измените на Законот за судовите се донесени на 6 март 2018 од страна на Владата на Република Македонија на одржаната 57-ма седница, а по одобрувањето од владиниот состав, предлог текстот беше испратен на усвојување на Собранието на РМ по отворена широка јавна дебата, како за Законот за судовите, така и за предложените измени на Законот за Судски совет. По едно годинашна јавна расправа и комисиска расправа во Собранието, на 4-ти март годинава, во второ читање пред пратениците, Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите беше одобрен со двотретинско мнозинство од 85 членови на Законодавниот дом.

Фото: Пред судниците во гевгелискиот Суд - проект за опремување и обновување на судниците и судките простории, одобрен од USAID Македонија

Во текот на креирањето на судските реформи, Министерката за правда Рената Дескоска учествуваше на 116-та Пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку правото (т.н. Венецијанска Комисија) од каде донесе позитивни оценки за дополнувањата на двата закона за судовите и судскиот совет од тамошните европски експерти.

Примената на новите измени и дополнувања од областа на судството за граѓаните на Гевгелија и регионот ќе донесат олеснување во водењето на парничните постапки пред Суд кој е на територијата на општина Гевгелија и нема да се оптеретуваат со дополнителни транспортни трошоци и време за настап пред другите досега надлежни судови.

 

Last modified on Понеделник, 11 Март 2019 - 16:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.