Прошетка во сеќавање на Џинџиќ

Среда, 13 Март 2019

Илјадници граѓани на Србија синоќа учествуваа во комеморативната прошетка за Џинџиќ, во знак на одбележување на 16-годишнината од убиството на либералниот српски премиер, Зоран Џинџиќ

 

 

Илјадници граѓани на Србија синоќа учествуваа во комеморативната прошетка за Џинџиќ, во знак на одбележување на 16-годишнината од убиството на либералниот српски премиер, Зоран Џинџиќ.

Мирната комеморативна прошетка се одвиваше по улиците на Белград, а граѓаните палеа свеќи пред зградата на српската влада, во спомен на убиениот српски премиер.

Граѓаните, кои во последните три месеци протестираат против Владата на Србија, вчера одржаа мирна прошетка, со која ја одбележаа 16-годишнината од убиството на либералниот српски премиер, Зоран Џинџиќ.

Комеморативната прошетка се одржа под слоганот „Ако денес не успееме, единствената причина за тоа ќе бидеме ние самите”, што е една од познатите реченици на Џинџиќ.

Прошетката беше организирана од страна на организаторите на протестите „1 од 5 милиони”, на кои, од декември, низ цела земја, учествуваат десетици илјади граѓани, кои протестираат против српската влада.

„На 12 март, се сеќаваме на сѐ што загубивме и сè што можевме да имаме, во едно нормално демократско општество”, изјавија организаторите.

Наместо свирчиња, демонстрантите кои се собраа во центарот на Белград, а потоа отидоа до владината зграда, носеа свеќи и цвеќиња.

Вчера, опозициската Либерално демократска партија, која не учествува во протестите „1 од 5 милиони”, кои се одржуваат секоја недела, одржа посебна комеморација за Ѓинѓиќ, додека владини претставници положија цвеќе во дворот на зградата на Владата, каде што пред 16 години беше пукано во Џинџиќ.

Џинџиќ беше еден од основачите на прозападната Демократска партија, која го водеше бунтот против Слободан Милошевиќ во 2000 година.

Кога стана премиер, тој одигра клучна улога во апсењето и екстрадицијата на Милошевиќ во Хашкиот трибунал, за да се соочи со обвиненијата за воени злосторства.

Тој беше убиен на 12 март 2003 година од страна на припадниците на Единицата за специјални операции (ЕСО) на Министерството за внатрешни работи на Србија, кои го испланирале убиството со помош на Земунскиот клан, организирана криминална банда.

Граѓаните, кои во последните три месеци протестираат против Владата на Србија, вчера одржаа мирна прошетка, со која ја одбележаа 16-годишнината од убиството на либералниот српски премиер, Зоран Џинџиќ.

Извор и Фото: BIRN

 

Last modified on Среда, 13 Март 2019 - 16:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.