Топ Новости

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

  • Недела, Апр 07 2019

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во општина Валандово, а денеска се на терен во Дојран

 

 

Доброволци од активистичкиот сојуз на невладини еко организации во саботата изведoa акција за чистење на локации во општина Валандово, а денеска се на терен во Дојран.

Иако повеќето се од Скопје, изборот да организираат акции во југот на државата е поради потребата дисперзија на еколошките акции низ цела Македонија со цел да се активираат и локалните жители за односот кон својата средина и одржувањето на еколошката свест со сопствена активација на терен.

Во саботата се чистеше каналот околу тутунскиот комбинат во Валандово, во близина на винаријата „Валандово“. На акцијата се придружи и градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, како и пратеничката во СОбранието на РСМ од Валандово, Мери Лазарова, кои со личен пример ги активираа и останатите во акцијата.

Тимот параѓубраџии, како што се нарекуваат самите, остануваат на југот од Македонија и денеска, недела, ќе изведат акција на чистење низ локации во Дојран. Најавено е дека и овде ќе им се придружи градоначалникот на општината Дојран, Анго Ангов.

#НеБидиЃубре е константно движење! - велат параѓубреџиите најавувајќи дека следните два виќенда ќе се фокусираат на акција наменета за чистење на просторот во Зоолошката градина во Скопје со селектирање на отпадот: органски отпад од животните и неоргански од посетителите. Волонтерите се потребни за чистење на кантите од десетина точки кои ги има низ Зоолошката.

Екипата ја предводи актерката и еко активист Ирена Ристиќ и веќе неколку месеци велат „дивее“ низ Македонија со метлите, ќесите и екипа доброволци кои ревносно ја следат.

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.