Топ Новости
Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани - Четврток, 22 Септември 2022 18:33
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија - Вторник, 20 Септември 2022 14:05

“Сеир“ нов музички албум на Влатко Стефановски

Вторник, 28 Јануари 2014

Гитарскиот маг - Влатко Стефановски го споделува „Сеир“ со публиката, во кој се содржани 10 нови авторски композиции, после многуте звуковни авантури кои ги приредил за публиката од сите меридијани

„Сеир“ е насловен новиот албум на Влатко Стефановски, гитарскиот маг и еден од најпознатите македонски музичари во светот. На него се поместени 10 нови авторски композиции, а објавата како издание на „Езотерија рекордс“ се појавува по цела една декада од обелоденувањето на претходникот „Кула од карти“.

По многу звуковни авантури во разни формации по сите меридијани, Влатко Стефановски конечно реши да ја сподели со публиката својата нова колекција авторски песни на која трпеливо, во домашното студио, работеше во изминативе четири години. Албумот го наслови „Сеир“ по, како што вели, убедливо „највеселата нумера на него“ длабоко свесен дека од оваа дистанца тоа може да се толкува на најразлични начини.
Сеирот е една карактеристична балканска дисциплина, а тоа значи повеќе да се коментира отколку да се работи, повеќе да се озборува отколку да се гледа сопствениот живот...

„Мене ме инспирира таа една состојба на духот затоа што мислам дека сеирот е една карактеристична балканска дисциплина, а тоа значи повеќе да се коментира отколку да се работи, повеќе да се озборува отколку да се гледа сопствениот живот...Песната во исто време има и афирмација и критика на тоа чувство или ако сакате наша дисциплина. Така што сето тоа може да се погледне од многу страни. Инаку овој албум го снимав четири години. Намерно
за да му ги согледам сите квалитети и мани. Како спор сликар...знаеш ќе отвори платно ќе удри две линии и следните две ќе чекаат уште две години. Си ја дозволив таа привилегија да работам долго затоа што сакав да направам нешто што ќе има своја тежина и вредност. Им правев искушение на фајловите – дали ќе преживеат или ќе бидат спремни за бришење.“

Говорејќи за стиховите во песните, Стефановски кој многупати досега го потврдил своето мајсторство и на ова поле, истакнува дека во случајов понудил 10 навистина промислени текстови и дека притоа ништо не е случајно направено.

„Секој збор е ставан на кантар и пред да биде отпеан многупати е измерен. Не сум толку многу
интроспективен. Пишувам за работи кои што ме опкружуваат и кои што сум ги открил и кај себе и кај тие околу мене. И во потесниот и во поширокиот круг. Меѓутоа овојпат не сум толку сериозен. Има малку хумор во сето тоа што го зборувам, што го кажувам и што го пеам. Има некаква мала дистанца затоа што не мора да значи дека мојата лична вистина во исто време е уметничка вистина. Уметничката вистина често пати може да биде далеку од нас, па да ја согледаме, да ја видиме и да ја уловиме. Не се бавев со психијатрија, психоанализа на овој албум. Се бавев повеќе со радоста на креативноста, ако така може да се каже.“

На „Сеир“, каде по првичното преслушување покрај насловната освојуваат и песните како „Суперхерои“, химничната „Guitar Tzar“, соул-хуманистички обоената балада „Love For All“, поетичната „Фосфорна месечина“ (која патем ја следи линијата во денес класичните теми како „Ја чувам ноќта од будните“ и „Глуво доба“), радио податливата „Фокусирам и зумирам“...), бележито е и присуството на бројните музички собеседници кои несебично му помогнале на Стефановски во комплетирањето на неговата нова објава. Така, покрај неговите долгогодишни придружници Ѓоко Максимовски и Дино Милосављевиќ, тука се и Каролина Гочева, Раде Шербеџија, Дамир Имери, Зоран Маџиров, Васил Хаџиманов и мнозина други врвни инструменталисти.

Инаку албумот излегува со етикетата на сопствената продукција „Езотерија рекордс“, а гитаристот вели дека иако нема спонзори со кој што би направил сензационална промоција на „Сеир“, сепак ќе стори сè материјалот да заживее и да стигне до публиката.

Last modified on Четврток, 30 Јануари 2014 - 04:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Kривична пријава за жител од општина Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето Д.Б.(40 годишен) од село

Повеќе

Се подготвува комунална ценовна бомба

Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија на 19.04.2022 година донел

Повеќе

Недела - прекин на електричната енергија во цела Гевгелија

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и

Повеќе

Пронајдена марихуана и муниција во Моин, приведени 2 лица

Две лица од Гевгелиско се приведени откако полицијата при претрес на нивните

Повеќе

Две Кривични пријави за 2-ца гевгеличани

Полициската станица Гевгелија поднесе кривични пријави против двајца

Повеќе

ИТНО се повлекуваат виршлите „WUDY“ од продажба, нареди АХВМ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во

Повеќе

МВР: Два случаи на насилство во гевгелиско, се пукало во стојачанец

Вчерашниот ден, 20 септември, одбележан со физичко насилство на ГП „Дојран“, на

Повеќе

Признание за Гевгелиското Здружение на пензионери од СЗПМ

По повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија , Здружението на

Повеќе

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

Одбележан Светскиот ден на прва помош

По повод Светскиот ден на Првата помош, Црвен Крст на Македонија со град

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.