Топ Новости

П.С.-Алпинистката Арсова: И за Еверест требало книшка

Петок, 10 Јануари 2014

Илина Арсова со националниот успех да се запише во историјата на македонскиот алпинизам како прва македонка што го искачила Врвот на светот - Монт Еверест разочарана што не го добила “Спортскиот оскар на годината“ на својот ФБ профил напишала: “И за Еверест требало книшка“ 

Првата македонка која го искачи највисокиот врв на светот Монт Еверест е изненадена и разочарана што на доделувањето на титулата „Спортски Оскар на годината“ која ја организираше Агенцијата за млади и спорт, била претставена само како „член на експедицијата“. Таа на својот фејсбук профил напиша:

„На наше заедничко изненадување и разочарување ве информирам дека за искачувањето на македонското знаме на врвот на светот, Монт Еверест 8.848 метри, за првпат во рацета на Македонска жена, не беше вредно за награда на државно ниво, спортски оскар.

Резултатот кој го реализиравме во мај 2013, до вчера гласеше: Илина А. Прва Македонка на Монт Еверест, а вчера на свеченото доделување награди-Спортист на годината, истиот беше најавен како: Илина А. член на експедиција која го искачи Еверест.

Во секој случај ми беше особено драго што на таква престижна манифестација ја претставував Федерацијата за Планински Спортови на РМ.

Честито до добитничката на наградата- Билјана Црвенковска, бек на ракометната репрезентација. Бравоооо за оние кои ја смислија најавата, честитки до сите наградени и благодарност за оние кои гласаа (ако има такви).“

П.С. Наравоучение: И за Еверест требало книшка...

По Димитар Илиевски во 1989 година, Глигор Делев во 2007, Сашко Кедев во 2009 и Зравко Дејановиќ во 2010 година, таа е петтиот македонски планинар и прва Македонка која се искачи на Монт Еверест.

Last modified on Вторник, 04 Февруари 2014 - 02:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.