Топ Новости

Бананите- лековитост и енергија за целото тело

Петок, 31 Јануари 2014

Дали ги знаете лековитите својства на бананите? Овој јужен плод лечи многу работи: ги избелува забите, лечи свраб, ја ублажува депресијата, ја намалува болката, напнатоста во желудникот, превентивно делува за срцеви и мозочни удари и многу повеќе!

 

Научното име за бананата е "Муса sapientum", што значи "плод на мудеците". Ова е еден од најважните плодови во Африка, а во светот годишно се изедува повеќе од 100 милијарди банани!

Внатрешноста од кората на банана
Ако со внатрешноста на кората од банана ги протриеш забите, тие ќе станат природни бели. Очекуваниот резултат ќе биде видлив за околу две недели. Исто така, ако со внатрешниот дел на кората го протриете местото каде што сте биле каснати од комарец, чешањето ќе престане. Со кората може да се третира и рана од опекотина со што ќе се лишите од болката и, не заборавајте дека на овој начин раната се чува од инфекции.

Бананите се природно радиоактивни
Нема потреба за паника! Јадењето банани не може да ви наштети, но ако се обидете да прошверцувате повеќе излупени банана, на сензорите кои се користат за откривање нуклеарен материјал веднаш ќе сврте црвено светло !

Сепак, шансите бананите да ве убијат со радиоактивно зрачење е речиси нула! Ќе мора да застанете пред 200 излупени банани за ефектот на зрачење да биде еднаков на онаој при рентгентските прегледи, а дури 20 милиони банани би предизвикале смртоносно труење со радијација. Е, па толку сигурно немате при рака?!

Банана е еден од најважните продукти во светот
Бананите се особено важни во Источна Африка, каде што тие претставуваат главен извор на храна за околу 50 проценти од населението. Во овој дел од светот, годишната потрошувачка може да биде дури и над 400 килограми по лице. Во целиот свет секоја година се изедуват повеќе од 100 милијарди банани. Со ваквата бројка бананите се четврта најголема земјоделска култура, веднаш после оризот, пченицата и пченката.

Бананите се многу здрави
Бананите имаат малку калории и масти, немаат натриум и холестерол. Тие содржат витамин Ц , калиум, влакна и витамин Б6. Истражувањата покажуваат дека јадењето банани може да го намали ризикот од срцеви напади и мозочни удари, како и да се намали ризикот од некои видови рак. Бананите помогаат вашето тело да произведува серотонин - природна супстанција која ја олеснува депресијата, а може да помогнат и при одвикнување од пушењето. Б6, Б12 , калиум и магнезиум, кои се наоѓаат во бананите, му помагаат на телото да се опорави од ефектите на никотинот. Банана е богата со железо и може да го стимулира производството на хемоглобинот во крвта и така да помагне во некои случаи на анемија.

Бананите во статистиката
Американците јадат во просек по 27 килограми банани по лице годишно. Повеќе од 96 отсто од американските домаќинства купуваат банани најмалку еднаш месечно - 51 отсто од бананите се јадат за појадок дома. 75 проценти од бананата е вода.
Највисоката просечна потрошувачка по глава на жител има во Уганда, каде што жителите јадат во просек по 250 килограми банани по жител секоја година. Индија произведува најмногу банани од која било друга земја во светот, што претставува околу 28 проценти од светското производство. (Кина е број два, со 10 проценти од светското производство на банани).
Најмногу пессни во музичката индустрија има напишано за бананите, отколку за било кое друго овошје на планетава.

Last modified on Недела, 02 Февруари 2014 - 01:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.