Топ Новости

Видео: Сте го преселиле јадењето? Еве решение!

Вторник, 28 Јануари 2014

За да не ви пропадне, или преседне јадењето, лекот е малку лимон, оцет, или сок од домати

 

Дури и на најискусните готвачи и домаќинки им се случува понекогаш да им се “лизне“ поголема количина на сол кога го приготвуваат јадењето. Некогаш од немарност, некогаш од брзање, или нагли покрети, и оп отишла сета сол во садот, а не се вади од таму!

Дури и во ваков случај решение има. Не им бил непознат ниту на нашите постари домаќинки од семејството, на професионалните готвачи, или оние во војска каде подготвуваат килограми и килограми зготвена храна за голем број потрошувачи.

Решението за ручек или вечера, со зготвената пресолена супа, манџа, или друго вариво е сепак стара готварска тајна!

Се’ што треба за да се поправат работите е да се додаде нешто киселко во јадењето. Во зависност од јадењето, можете да додадете сок од лимон (ако варите компири), оцет (за супа или чорба), или сок од домати (за паприкаш, јанија и други зеленчукови варива).

Авторите на познатиот “Готвач на ЈНА“ препорачуваат на пресоленото јадење да се додаде малку сода бикарбона која може да го апсорбира вишокот сол, а нашите баби пак советуваат во јадењето да се стави еден цел излупен компир кој во текот на варењето едноставно ќе го “изеде“  сиот вишок на сол.

Се надеваме дека со овие совети ви помогнавме да послужите совршен оброк, без да се мрштат вашите домашни!

Last modified on Недела, 02 Февруари 2014 - 03:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Саше од Богданци е носител на Светиот крст од водите на Паљурци

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Саше од Богданци, Даниел од Стојаково се носители на Светиот крст

Церемонијата на осветување на водите по повод христијанскиот празник Водици

Повеќе

Иле Илевски го извади Светиот крст од водите на Вардар кај Гевгелија

Трикратниот фрлач по крстот Иле Илевски (31 годишен) од село Давидово, но веќќе

Повеќе

Дејан од Куманово го фати светиот крст во Дојран

Денешниот чин на осветувањето на водите Водици и фрлањето на светиот крст во

Повеќе

Црвениот крст Гевгелија ја започнува сезоната на крводарителски акции за 2022

Највисокиот чин на хуманост на граѓаните- крводарувањето ќе биде цел на првата

Повеќе

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието вечерва

Повеќе

Вори Гевгелија меѓу 100-те најголеми извозници во државата

Компанијата “Вори” од Гевгелија е една од водечките компании во македонската

Повеќе

Донација од Германска Амбасада за ДППД Дојран

Доброволното против пожарно друштво од Дојран доби донација во вид на

Повеќе

Намалeно осветлување на државните патишта поради енергетската криза

Минимален сигурносен обем на осветлување на јавните патишта е дел од одлуката

Повеќе

Василица во гевгелиско - традиција за празникот среде некрстените денови

Денес е Василица, празник среде некрстените денови.
На први јануари по стариот

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.