Знаејќи дека во оваа рубрика не се обраќаме само на почетници, туку и на познавачи на кујната, овој пат одбравме еден брз фото рецепт: Интересни извиткани пица стапчиња.
Претпоставуваме дека досега сте ги испробале вашите способности за подготовка на регуларната пица. Е, ова е истото, се работи со истите состојќи, само играта е као да се добие извитканата форма на стапчиња за мало послужување.
Тука имате одлична идеја за тоа како да ја “спакувате" пицата.
Тестото го изработувате на ист начин. Го делите на два дела, на половина и истегнувате две кори (теста за пица).
На првата половина од кората, која ја ставате да има правоаголна форма, за да бидат стапчињата подоцна сите со иста големина, значи се редат сите состојки по ваш избор: ќечап, шунка, рендан кашквал, оригано. Одозгора врз сето посипано се поставува другата половина од тестото.
Ваквата поклопена пица ја сечеме на долги парчиња. Истите се земат и се превиткуват по еднаш, за да изгледат како исукана плетенка. Вака правиме со сите парчиња пица.
Се премачкува со изматено јајце и се пече 20 минути на 200 степени целзиусови во загреана рерна, односно пече под исти услови како и "редовната" пица.
Одлична идеја за гости ... И, Вие ќе бидете кул домаќинка, и гостите ќе имаат со што да ви направат комплимент.