Вечниот забавувач Драган Вучиќ, кого често поради нивото на неговите емисии го нарекуваат и “најголем сељак“, со следното видео докажува дека има и поголеми “сељаци“ од него. Овој епитет не го употребуваме како навреда за лицата кои заработуваат за својот живот преку чесна работа на село, со земјоделство, пољоделство, сточарство и друго, туку како синоним на необразовен човек, кој не ги совладал и елементарните нивоа на човечката интелигенција и култура.
Гледачката не знае да одговори кое е името на познатата историска личност Поло! Била многу возбудена!! А, Драган се труди да се воздржува да не пукне од смеење, и за глупоста на крај да им додели награда. Не, за учеството во емисијата, туку реткоста на таквите дунстери кои се куриозитет, а одговараат на поширокото интелектуално ниво на публиката. Луѓето сакаат да гледаат примери дека има и понедоделкани од нив, па и гледаат смешки.