Од 14 јуни еден месец потоа светот ќе се врти по фудбалската буба мара со почетокот на 21 Светско првенство во фудбал.
Домаќин на светската фудбалска треска за прв пат ќе биде Русија. Ова ќе биде прв турнир кој се одржува во Русија и во Источна Европа воопшто, но ќе биде и прво светско првенство кое ќе се одржува на два континента. Русија е држава која географски се простира на два континента, Европа и Азија, и по одвојувањето на дел од некогашните републики од СССР таа останала најголемата територијално распространета држава. Со овој факт Русија ќе биде најголемата земја географски гледано, која ќе биде домаќин на едно светско првенство.
На турнирот ќе има 32 национални тимови, вклучувајќи ја и домаќинската репрезентација. Вкупно 64 натпревари ќе се одиграат na 12 локации лоцирани во 11 градови. Финалето на светското првенство ќе се одржи на 15 јули во Москва на стадионот „Лужники“.
Првенството почнува следната недела, четврток на 14 јуни 2018.