Денешната мода е често имитација на она што го носат популарните лица на улица, во секојдневието. Или, публиката сака да ги имитира, или тие го одбират слободниот стил за да се втопат во реалноста на своите фанови, и бидат послободни во своите движења.
Таков е примерот со младата пејачка Селена Гомез, која кариерата ја започна како девојченце, а сега нејзините настапи на јавната сцена ги следат низ целиот свет.
Симпатичната тинејџерка веќе стана заводлива жена која, како според нејзиниот музички израз, така и по забележителнит стил на облекување што се’ повеќе ја нагласува нејзината женственост и сексипил.
Во галеријата подолу е прикажано како таа изгледа во слободното попладне: кратко фустанче, кои воздушесто се лелеави на нејзините покрети, широк плетен џемпер со песок боја и црна шапка со широк обод. Едноставна, а сепак заводлива комбинација, зачинета со истакнат сексипил за кој придонесоа кратките чизмички до глужд.
Удобни трендовски чизми со гумен ѓон и оптимално високи потпетици, со отворени прсти и петици, во прв план ги ставија витките нозе на убавата бринета и за секунда го воздигнаа целиот стајлинг.
Ништо тешко да се проба ваква лежерна комбинација и на нашиве простори со убавата, топла, сончева зима, која дозволува и кратки фустанчиња, и кратки чизмички.