Една од најубавите модели на сите времиња, која жареше и палеше по модните писти, модните списанија и уметнички колекции, и со сигурност ги протресе осумдесеттите години од минатиот век, е германскиот супер-модел Клаудија Шифер. Иако денес во 44-та година од својот живот живее многу помирно, атрактивна русокоса се’ уште не се збогувала со улогата на модел.
Деновиве, кога Клаудија Шифер се појави на насловната страница на списанието “Мари Клер“, нејзиното лице изгледаше исто како пред 20 години кога ни се насмевнуваше од најпознатите модни писти во светот на модата и воопшто низ светскте сцени.
Нејзината бујна, руса коса сеуште сјае со истиот раскош и сеуште може да се пофали со беспрекорната линија, но и со лице без ниту една бора или друг недостаток.
Фасцинирани од времето кое како да запрело за оваа прекрасна манекенка, модните фотографи, направиле споредба со фотографиите од деведесеттите години од минатиот век и овие најновите и заклучиле дека и нема мана на совршената германка. Каде исчезнаа последните 20 години од телото на оваа совршена жена?